ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Грковска: Дефинирани се наредните чекори за воспоставување на електронски идентитет за секој граѓанин

January 25, 2023 18:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа работен состанок со естонскиот експерт Раул Каидро и претставници од Министерството за внатрешни работи, на кој беа анализирани натамошните чекори за воспоставување на електронски идентитет за секој граѓанин во Република Северна Македонија врз основа на Планот за воспоставување на национален електронски идентитет со План за реализација, што беше усвоен на вчерашната владина седница.

На состанокот, на кој присуствуваа и претставници од амбасадата на САД во земјава, како поддржувачи на целиот процес, експертот Каидро го презентираше Концептот во кој се дефинирани сите натамошни чекори, како и структурата што треба да биде воспоставена за да се воведе електронски идентитет, предуслов за процесот на дигитална трансформација на општеството, се вели во владиното соопштение.

Вицепремиерката Грковска оцени дека станува збор за комплексен процес, но дека сите надлежни институции мора целосно да се посветат на планот за реализација на оваа активност, бидејќи преку дигитална трансформација може да ја унапредиме ефикасноста на институциите, во интерес на граѓаните.

Процесот на дигитална трансформација на општеството, како и воспоставувањето на електронски идентитет, Република Северна Македонија го реализира преку естонскиот Центар за меѓународен развој во областа на дигитализацијата и е-управување, со поддршка на амбасадата на САД во земјава.

Tags: Грковскадигитална трансформацијаелектронски идентитет
Next Post

Иванов: Премногу фама креваме за бугарското прашање и уште повеќе го разгоруваме антагонизмот кој некому му одговара

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk