ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Тренчевска за Слободен печат: Унапредувањето на правата на работниците е на прво место

January 25, 2023 10:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од утринската програма на Слободен печат. Како тема на разговор беше нацрт верзијата на Законот за работни односи.

Тренчевска посочи дека при изработката на законот кој ги засега правата на работниците не треба да се брза. Нацрт верзијата е веќе во тек на изработка 4 години од страна на работната група која е составена од сите релевантни чинители кои се засегнати од законот. Министерката објасни дека во тек се јавните расправи кои се организираат со цел да се слушнат мислењата на сите и посочи дека ако има потреба по завршувањето на определениот број на расправи ќе се организираат уште.

„Разумност покажавме со предлогот кој е вклучен во нацрт верзијата од законот. Кога се работи во работна група мора да се има компромис. Затоа се одлучивме за договорите за работа на определено време да бидат на 2 години и да нема можност за потпишување на анекс на договор повеќе од 3 пати“ рече министерката во однос на предлогот за договорите на определено работно време.

Во делот на колективните договори министерката посочи дека во моментот предлогот е колективните договори да се склучуваат на 2 години и плус да важат уште една година, откако ќе поминат овие 3 години да не бидат повеќе од важност. Додека во однос на општиот колективен договор таа истакна дека како Влада изминатата година беа спремни да го потпишат договорот но поради ниското ниво на флексибилност од страна на Сојузот на синдикати колективниот договор не бил потпишан.

На крајот од интервјуто министерката ги објасни и измените во однос на инспекцискиот надзор.

„Во делот на инспекцискиот надзор имаме промени, сега имаме дистинкција помеѓу наредбата и опомената. Опомената ќе се користи за многу мал дел од прекршоците односно лесни прекршувања. Додека за се останато што значи поголемо прекршување на работничките права ќе се издава наредба од страна на инспекцискиот надзор“ изјави Тренчевска.

 

Tags: Законот за работни односиЈованка Тренчевска
Next Post

СДСМ: Мицкоски е неуспешен ученик на Груевски и заложник на Апасиев

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk