Украинската амбасадорка, Лариса Дир, на социјалните мрежи изрази благодарност до германската влада за денешната одлука да испрати тенкови Леопард-2 во Украина и да даде зелено светло за партнерите да испорачуваат слично оружје.
„336-ти ден од инвазијата на Русија. Ја поздравуваме одлуката на Германија од 25 јануари да испрати тенкови Леопард-2 во Украина и да даде зелено светло за партнерите да испорачуваат слично оружје. За да го запреме рускиот ракетен терор, ни требаат дополнителни системи за зајакнување на воздушната одбрана на Украина“ – напиша амбасадорката Дир.
336th day since russia invaded. We welcome the decision of Germany of 25 January to send Leopard-2 tanks to ?? and give a green light for partners to supply similar weapons.
In order to stop russia’s missile terror, We need additional systems to strengthen Ukraine’s air defense.— Larysa Dir (@dir_larysa) January 25, 2023
Одлуката доаѓа по долгото колебање на германскиот канцелар Олаф Шолц, да излезе во пресрет на барањата за пружање воена помош во тенкови за подобрување на капацитетите на Украина во одбраната на земјата од руската агресија. На Украина ѝ се потребни тенкови, како и системи за воздушната одбрана од ракетниот терор што го врши Русија врз цивилите и цивилната инфраструктура.