ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Стабилизирањето на увозните цени треба да ја забават инфлацијата годинава

January 27, 2023 12:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Д-р Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија (фото извор: НБРСМ)

Д-р Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија (фото извор: НБРСМ)

Share on FacebookShare on Twitter

Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Во интервју за „Дојче веле“, гувернерката истакнува дека намалувањето на притисокот од увозните цени, особено на енергентите и на храната, ќе биде најважно за домашната инфлација. Ангеловска-Бежоска смета дека и мерките што ги презема Народната банка треба да придонесат за стабилизирање на инфлациските очекувања, како значаен фактор којшто влијае врз инфлацијата, а ќе делуваат и кај еден дел од инфлацискиот индекс, оној којшто е почувствителен на промените во побарувачката.  

– Со оглед на проекциите на меѓународните финансиски институции за стабилизација на цените на примарните производи на светските берзи и очекувањата за водење претпазливи макроекономски политики, се проектира забавување на инфлацијата со што оваа година таа би се свела на 8 до 9 проценти, а на среден рок, инфлацијата и натаму ќе се намалува, сведувајќи се на нивото од 2,4 и 2 проценти во 2024 и 2025 година, посочува Ангеловска-Бежоска и додава дека очекувањата се во согласност со проекциите на меѓународните институции за намалување на глобалната и на домашната инфлацијата годинава.

Во однос на мерките што се преземаат од страна на Народната банка, гувернерката истакнува дека централната банка уште кон крајот на 2021 година започнала со преземање повеќе мерки. 

– Општо е познато дека инфлацијата го намалува реалниот расположлив доход на домаќинствата, особено на оние со пониски примања, ја зголемува неизвесноста и со тоа неповолно делува и на потрошувачките и на инвестициските одлуки, односно на условите за раст. Оттаму, централните банки ширум светот се посветени на одржување на ценовната стабилност, на среден рок. Начинот и интензитетот на реакциите на централните банки зависат од природата на инфлацијата, односно од придонесот на одделните фактори коишто влијаат врз неа, од монетарната стратегија и од инструментите со кои располагаат, вели Ангеловска-Бежоска. 

Ризиците за овие проекции, особено во поглед на идните движења на цените на енергијата и храната, како што истакнува, и натаму се значително изразени, поради неизвесноста во однос на времетраењето на војната во Украина, како и поради можните натамошни неповолни ефекти од пандемијата којашто сѐ уште трае

Tags: Анита Ангеловска БежоскагувернеркаДојче велеинтервјуНародна банка
Next Post

Новак Ѓоковиќ во 10-то финале на Австралија опен

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk