ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Белгија ќе и обезбеди на Украина најголем пакет воена помош досега вреден 92 милиони евра

January 27, 2023 16:36
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Владата на Белгија денеска донесе одлука да додели најголем пакет воена помош за Украина во износ од 92 милиони евра.

„Денеска Советот на министри одлучи да и испрати на Украина нов пакет воена помош во вредност од 92 милиони евра“, рече премиерот на Белгија Александар Де Кру, пренесува „Укринформ“.

Вкупниот воен придонес на Белгија во напорите за поддршка на Украина ќе достигне 228 милиони евра.

Според министерот за одбрана на Белгија, Лудивин Дедондер, пакетот ќе вклучува ракети за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје, муниција, гранати, митралези, автоматски пушки и лесни оклопни возила, но во пакетот нема да бидат вклучени тешки оклопни возила тенкови, бидејќи, како што вели Дедондер, нема повеќе тенкови во белгиските одбранбени резерви, пренесува „Кијив Индепендент“.

Тој додава дека дел од опремата ќе биде земена од магацините на Министерството за одбрана на Белгија, а дел ќе биде набавена од приватни компании.

Ова доаѓа неколку дена откако Германија одлучи да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина и да им дозволи на други земји како Полска да го направат истото. Исто така, Американските власти потврдија дека Вашингтон е подготвен да испрати десетици свои борбени тенкови „М1 Абрамс“.

Дополнително, Белгија и дава на Украина 69 милиони евра хуманитарна помош, а премиерот Де Кру исто така истакна дека руските средства во Белгија во вредност од 58 милијарди евра веќе се замрзнати.

Како што пренесува Укринформ, белгискиот министер за одбрана Лудивин Дедондер ги посетил украинските бранители кои се на лекување во воената болница „Кралица Астрид“ во Брисел.

А.Р.

Tags: Александар Де КруБелгијаВоена помошЛудивин ДедондерУкраина
Next Post

Телефонски разговор на Ковачевски и Донев - разговарале за актуелните случувања во односите меѓу двете земји

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk