РИБАРО
После најавите на Пандов и неговата врховистичка дружина од ВМРО-ДПМНЕ, за стражарско чување на гробот на Гоце на 4 февруари, Гробот на Гоце Делчев во официјално соопштение до јавноста, соопшти дека ќе се дислоцира од црквата Св. Спас, на непозната локација.
„Не може ова ВМРО-ДПМНЕ кое го величи делото на Тодор Александров, кое пее „Ниту е Гоце Делчев, аго, ами е Тодор Александров…“, сега да ми се прави заштитник на моето име и дело и да прави цела нација недоветна, кога сите ги гледаат и слушаат од каков врховистички материјал се исклесани сегашниве дпмнеовци“, се наведува во соопштението од Гробот на Гоце.
Во изјава за АХА, Гробот на Делчев, кратко коментира:
„Пандов ќе ми чувал стража?! Бог да чува! Бидејќи не можам поинаку да го искажам револтот, решив по втор пат да си го преместам вечното почивалиште, овој пат на непозната локација. Нека си стражарат карикатурите на Пандов пред Александров и Ванчо Михајлов, и заедно со пајташот им Џамбаски, нека кршат глава. Си имаат тие нивни бугарски икони на кои се крстат и кои ги опеваат. Се гледа од симболите и одорите во кои се преоблекуваат наменски”.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK