„АКМИС системот во судовите и ‘Кејс менаџмент’ системот во јавното обвинителство се двете алатки кои ќе помогнат во детектирањето на лошите состојби и подобрување на ефикасноста на судството и обвинителството“ рече министерот за правда, Никола Тупанчески на годишната конференција „Година на нови можности“.
Тој додаде дека овие два система, помогнати од Законот за управување со движење на предмети во судовите ќе се придонесе за точно да се знае во која фаза од постапката кој предмет се наоѓа.
„Тоа е важно бидејќи ќе може да се следи судскиот предмет од иницијалната фаза до крајот каде се наоѓа и кои се причините за негово евентуално забавување“ рече Тупанчески.
Министерот за правда потенцираше дека дигитализацијата на судовите е еден од факторите што ќе придонесат за сузбивање на организираниот криминал и корупцијата преку поврзување на судовите и јавните институции.