ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

АА: Целиме да ги раководиме ресорите правда и здравство за влез во Владата

February 1, 2023 16:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за правда останува еден од ресорите што целиме да ги раководиме, заедно со Министерството за здравство, информираат за МИА извори од Алијансата за Албанците околу преговорите за кадровските решенија при евентуален влез на партијата во Владата.

Од партијата велат дека преговараат за овие два ресори, со оценка дека имаат кадровски капацитети за раководење со нив.

Извори од Алијансата за Албанците потенцираат дека за трето министерско место, останува да преговараат следните денови заедно со кадрите од вториот и третиот ешалон.

Од партијата посочуваат дека приоритет ќе им биде борбата против организираниот криминал и корупцијата, и затоа, како што велат, инсистираат нивни кадри да бидат застапени во сите дирекции, институции и инспекторати кои се поврзани со овие области, како УЈП, Царината, полицијата и тн. Според нив, не е услов да имаат прв или втор човек во овие институции, туку да нивни кадри да бидат застапени во сите овие институции на различни нивоа.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вчера по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата се уште не е дефинитивно, но оти шансите за тоа се огромни. Тој потенцира дека околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, додека за кадровските решенија воопшто не било разговарано.

За кадровските решенија, како што посочи, ќе разговараат во текот на следниве неколку дена, додавајќи дека еден од ресорите за кои „имаат најдобри кадри“ е Министерството за здравство.

И премиерот Димитар Ковачевски вчера напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците, додека во делот на сите други аспекти за можна соработка, разговорите ќе продолжат.

Извршниот одбор на СДСМ синоќа на седница избра работна група за понатамошните разговори со Алијанса та за Албанците, во која покрај партискиот лидер и премиер Ковачевски, членуваат и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, членот на Централниот одбор Љупчо Николовски и координаторот на пратеничката група во Собранието Јован Митревски.

Истовремено, за вечерва во Гостивар е најавен состанок на најтесното раководство на владејачката Алтернатива, на кој како што потврдија извори од партијата за МИА, ќе се одлучува какви чекори ќе преземат во однос на евентуалниот влез на Алијансата за Албанците во Владата.

На последните парламентарни избори во 2020 година Алијансата за Албанците и Алтернатива настапија во коалиција, но лани Алтернатива реши да влезе во владината коалиција откако Беса ја напушти Владата, додека Алијансата остана во опозиција.

Tags: Алијанса за АлбанцитеМинистерство за здравствоМинистерство за правда
Next Post

Нуредини: Владата го усвои Предлог законот за заштита на Кањонот Матка

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk