Европската унија ќе обезбеди дополнителни 27 милиони долари за поддршка на Украина за деминирање на ослободените територии кои беа привремено окупирани од руските вооружени сили, објави денеска највисокиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел.
„Големото ширење на мини и други експлозивни направи е пронајдено на териториите ослободени од украинските вооружени сили. Ќе обезбедиме до 25 милиони евра за поддршка на напорите за деминирање во овие загрозени области. Заштитата на цивилите и нивната егзистенција е приоритет“, рече Борел на маргините на самитот ЕУ-Украина што се одржува во Кијив, пренесува Си-Ен-Ен.
Овие средства се над оние 18 милиони долари кои беа доделени во 2022 година за оваа намена, вели портпаролот на Комисијата на ЕУ во изјава за Си-Ен-Ен.
Финансирањето ќе вклучува основна опрема за украинските државни оператори за мини и ќе ги поддржи капацитетите на украинските власти за ефективно управување со националниот сектор за мини, соопшти дипломатската служба на ЕУ во соопштението за печатот.
А. Р.