ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Во јануари во ТИРЗ реализиран извоз од 275,4 милиони евра што е највисоко ниво во последниве пет години

February 5, 2023 11:51
in БРОЈКИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Компаниите во Технолошко – индустриските равојни зони (ТИРЗ) во јануари реализирале извоз од 275,4 милиони евра што е највисоко ниво во последниве пет години. Увозот бил за 8 проценти повеќе од лани истиот период, а бројот на вработени во зоните во јануари достигнал речиси 16.400 што е за 16 проценти повисок од јануари 2022.

Како што информираат од дирекцијата на ТИРЗ, споредено со јануари 2022 извозот е зголемен за 11 проценти, односно за 9 проценти повисок од 2021, и за 45 отсто и 15 отсто повисок споредено со 2020 односно 2019 година. Позитивниот тренд на раст продолжува и во однос на увозот.

– Компаниите во ТИРЗ во јануари оствариле увоз од 221 милиони евра. Тоа е за 8 проценти повеќе споредено со истиот период во 2022, односно за 44 отсто повеќе од јануари 2020 и за 15 проценти повеќе споредено со 2019. Увозот во јануари 2021 бил повисок за 10 проценти, покажува анализата, стои во соопштението од ТИРЗ.

Оттаму дополнуваат дека особено позитивен тренд на раст има кај нето извозот кој во јануари е 24,5 проценти, што, меѓу другото, како што наведуваат, се должи на зголемените инвестициски активности во Зоните и зголемениот број на работни места.

– Бројот на вработени во зоните во јануари достигна речиси 16.400 што е за 16 проценти повисок од јануари 2022. Само во првиот месец од годинава во компаниите во зоните се отворени речиси 80 нови работни места. Инаку ТИРЗ ја заокружи минатата година со 2.300 новоотворени работни места и највисок извоз досега од 3,7 милијарди евра, со што е 2022 е најуспешната година од постоењето на зоните, велат од ТИРЗ.

Tags: рекорден извозТИРЗ
Next Post

(ВИДЕО) Спасовски за полицијата кај Св. Спас и на граничните премини: Еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk