ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Ефектот од ЕУ е 850 евра просечно дополнителен приход годишно по глава на жител

February 6, 2023 12:50
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Побрз економски раст, подобар животен стандард, поголема продуктивност на трудот, подобра деловна клима и структурен развој на приватниот сектор, напредок во институционалната демократија и доброто владеење, се дел од придобивките од членството во Европската унија. Паралелено треба да работиме на изградбата на наш успешен економски модел, базиран на инвестиции, иновации, човечки капитал, инфраструктура и нови технологии, кој ќе креира нови работни места, побрз, поинклузивен и одржлив раст, зелена транзиција и поквалитетен живот на граѓаните, односно економски модел што ќе ја донесе Европа дома, пишува министерот за финансии Фатмир Бесими во својата најнова колумна посветена на евроинтеграциите во контекст на нови перспективи и подобар стандард.

– Пред сѐ, членство во ЕУ значи влез на пазар од над половина милијарда потрошувачи. Економската моќ на ЕУ се одразува и во трговијата и странските директни инвестиции, со 16 проценти од вкупното глобално тргување. Интеграцијата во ЕУ за РС Македонија ќе значи влез во 25 пати поголем пазар, пет пати повисок номинален БДП по жител (при што реален БДП по жител на нашата економија е околу 40 проценти од тој на ЕУ според Еуростат), како и значително пониска стапка на невработеност, посочува Бесими.

Тој додава дека согласно студиите, кои се однесуваат на придобивките на единствениот пазар на ЕУ, проценките се дека бруто домашниот производ на ЕУ би бил за 9 проценти помал доколку нема целосна интеграција на пазарот, што во просек значи приближно 840 евра помал годишен приход по глава на жител.

– Гледано од оваа перспектива, за секоја земја членка е подобро, отколку да е надвор од ЕУ, што укажува на фактот дека Унијата создава нова вредност, односно додадена вредност со позитивни екстерналии. Како што би рекол Аристотел –  целината е повеќе од збирот на деловите, истакнува министерот за финансии.

Во колумната, Бесими го истакнува и значењето на интегративниот процес за јавните финансии од аспект на реформите за унапредување на системот на јавни финансии, но и пристапот до низата европски фондови. 

– Буџетот на Европската Унија за периодот од 2021-2027 година е проценет на околу 2.000 милијарди евра, средства насочени кон поддршка на областите: Климатска и дигитална интеграција; Заеднички пазар и иновации; Кохезија, отпорност и заеднички вредности; Природни ресурси и околина; Миграција и управување со граничниот простор; Соседство и свет и Европска јавна администрација. Со процесот на интеграција и пристапување кон Унијата, со секое ново ниво, за земјата се отклучува пристап кон нови фондови за финансирање на одделни цели, се наведува во колумната. 

Министерот се осврнува и на други економски и неекономски предности, кои можеби е потешко да се квантифицираат, но влијаат на економскиот перформанс на земјата, како заедничкото адресирање на климатските промени и загадувањето на почвата и водата, заедничката борба против корупција, криумчарење и спречување перење пари, заштита на правата на граѓаните како потрошувачи, но и сигурноста што евроатланските интеграции ја носат. 

Пишувајќи за креирањето најдобар економски модел за раст на домашната економија, а во контекст на еворинтеграциите, министерот Бесими оценува дека ни е потребен еден економски модел, заснован на креирање нови работни места (во приватниот сектор), зголемување на конкурентноста, подобрување на инфраструктурата и бизнис климата.

Tags: Фатмир Бесимифинансии
Next Post

(ВИДЕО) Бијонсе освои четири „Греми“ награди, најнаградувана во историјата на мизичките награди

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk