ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски – ОБСЕ „Квинта“ амбасадори: Северна Македонија е позитивен пример за како низ дијалог се наоѓаат решенија кои водат кон стабилност и просперитет

February 6, 2023 21:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска се сретнаа со амбасадорите на земјите од Квинта. Станува збор за амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, кои присуствуваа на конференција за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ, како прва од серијата значајни конференции и состаноци што ќе се организираат за време на претседавањето на нашата држава со организацијата.

Ковачевски на состанокот изрази благодарност за соработката и ја потенцираше поддршката што во целост Владата ја дава за претседавањето на Северна Македонија со најголемата светска регионална безбедносна организација, истакнувајќи дека тоа за нашата држава е голема чест, но истовремено и голема одговорност.

Тој потенцира дека приоритет на претседавањето на Северна Македонија ќе биде хуманата безбедност, со акцент на ситуацијата во Украина, засилени теренски мисии, како и ставање фокус на луѓето и нивните потреби.

Премиерот Ковачевски ја изрази важноста за обезбедување поддршка за функционалност на институциите на ОБСЕ, бидејќи како што потенцираше организацијата има разни механизми и алатки за поддршка на мирот и безбедноста, како и спречување на нови конфликти. Тој нагласи дека како претседавачи со ОБСЕ, нашата земја е подготвена да обезбеди политичко раководство на организацијата стремејќи се да придонесе во процесите за поголема стабилност, кои се клучни за севкупната европска безбедност.

Ковачевски истакна дека Северна Македонија е отворена за конструктивни предлози за унапредување на улогата на ОБСЕ за време на нашето претседавање.

На состанокот заеднички беше констатирано дека борбата против корупцијата и промовирањето на доброто владеење треба да се на врвот на приоритетите со цел одржување на демократскиот и социо-економскиот раст.

Што се однесува до внатрешно политичката состојба во земјата, премиерот Ковачевски истакна дека следува период на поинтензивни консултации и дебати за уставните измени коишто следат, како услов за натамошно напредување кон ЕУ. Премиерот Ковачевски на состанокот нагласи дека од голема важност за Северна Македoнија е поддршката на САД и ЕУ, за земјата да ги заврши потребните реформи во нејзиниот евроинтеграциски процес.

Претседателот на Владата истакна дека од клучна важност за стабилност на целиот регион е побрза интеграција во големото европско семејство, бидејќи државите се соочуваат со внатрешно-политички предизвици, социо-економска неизвесност, како и со билатерални спорови.

На состанокот беше заклучено дека во таа насока од голема важност е промовирање на човековата безбедност преку поддршка за одржлив економски раст и еколошка соработка, како и поддршка на основните човекови права, толеранцијата и недискриминацијата како предуслови за сеопфатна безбедност.

Tags: амбасадориКвинтаКовачевскиМакедонијаОБСЕпросперитетстабилност
Next Post

Срам: Градот, изграден од хуманитарна помош, нечувствителен за страдањата од земјотресот во Туркије

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk