Колку побрзо Украина добие оружје со поголем дострел и модерни борбени авиони, толку побрзо ќе заврши руската агресија и мирот ќе се врати во Европа.
Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на заеднички брифинг со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц во Париз, пренесува Укринформ.
„Ефективен континентален сојуз во Европа е она што им треба на сите Европејци. Да се стави крај на руската агресија што е можно поскоро е најрационалното нешто што треба да се направи“, рече тој.
Тој рече дека „колку побрзо Украина добие оружје со поголем дострел и украинските пилоти модерни борбени авиони, колку е посилна нашата тенковска коалиција, толку побрзо ќе заврши руската агресија.
„И ќе вратиме постојан мир во Европа“, рече Зеленски.
А. Р.