„Имав средба со дел од програмскиот совет на МКЦ и она што е во делокругот на МК ние го остваривме, односно го поддржуваме во програмскиот дел, а тоа е МОТ, Здраво млади, Меѓународното гостување на женскиот хор и книжевните работилници. Со тоа даваме јасна поддршка на делувањето на МКЦ како политика со која ги поддржуваме и младите“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Таа додаде дека Министерството за култура е секогаш отворено за соработка со МКЦ, бидејќи тие ги поддржуваат младите.
„Секогаш сме отворени доколку тие имаат и некои нови иновативни идеи, да се обраќаат до нас со како што ние би можеле да ги поддржиме“ рече министерката Костадиновска-Стојчевска.