ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кои се новите министри во Владата?

February 11, 2023 12:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата, информираат владините служби.

За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е г-дин Кренар Лога.

За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е г-дин Фатмир Меџити.

За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е г-дин Азир Алиу.

За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, предложена е г-ѓа Каја Шукова.

КАЈА ШУКОВА

Каја Шукова е Дипломиран инженер технолог и на позицијата Министерка за животна средина и просторно планирање позиција би дошла како досегашен државен секретар за екологија во министерството.

Каја Шукова, дипломиран инженер технолог

Нејзините квалификации се поврзани со заштитата на животната средина во насока на одржлив развој и заштита на воздух, води, почви и природни ресурси од загадување, развивање на политики, програми и проекти од областа на животна средина и одржлив развој, проекти за одржлив развој на Северна Македонија, како и бројни извештаи поврзани со животната средина.
Шукова својата стручна кариера ја има надградувано со повеќе обуки и доквалификации на домашно и меѓународно ниво, а сите со специјалноста за заштита на животната средина.

Во моментов е копретседател на поткомитет за транспорт, енергетика, регионален развој и животна средина, член на Комитетот за европски интеграции, претседател на Управен комитет на Програмата за заштита на природата. Паралелно учествува и во реализацијата на повеќе активности и програми како координирање на проектот за системи за водоснабдување и канализации, заем од ЕИБ, иницијатива за прогласување на заштитено подрачје Малешево и Осогово, к оординирање на процесот за доработка на Закон за индустриски емисии, иплементација на предпристапната помош на ЕУ – ИПА и бројни програми поврзани со заштита на животната средина.

АЗИР АЛИУ

Азир Алиу е доктор по информатички науки и магистер по електротехника. На позицијата нов министер за информатичко општество и администрација, би дошол како редовен професор на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово.

Азир Алиу, доктор по информатички науки и магистер по електротехника

Неговото работно искуство е во областите на компјутерска архитектура, оперативни системи, контролни системи, машинско учење, мултимедија системи, вештачка интелигенција и друго. Алиу во своето екстензивно академско искуство работи на теми поврзани со интелигентни системи, анализа на сигнали и мулти-резолуциони слики, обработка на медицински слики, машинско учење, паралелно програмирање итн, во кои области има издадено и повеќе научни трудови.

КРЕНАР ЛОГА

Кренар Лога е дипломиран правник и магистер по дипломатија, на местото нов министер за правда би дошол од Државната изборна комисија.

Кренар Лога, дипломиран правник и магистер по дипломатија

Лога има долгогодишно искуство во областа на правото. Во своето работно портфолио во делот на правните работи, Лога работел на раководни позиции, односно во изминатите години бил раководител на секторот за управување со човечки ресурси во Државното правобранителство на Република Северна Македонија, раководител на сектор за правни прашања и општи работи во Општина Струга каде што бил и советник за правни работи. Поседува сертификати од меѓународни организации во делот на демократија и лидерство, политики на Европската Унија, и други сертификати за учество во меѓународни работилници.

ФАТМИР МЕЏИТИ

Д-р Фатмир Меџити е специјалист-невролог на универзитетската клиника за Неврологија во Скопје. На позицијата нов министер за здравство би дошол како долгодишен лиценциран лекар и специјалист по неврологија.

Д-р Фатмир Меџити, специјалист-невролог на универзитетската клиника за Неврологија во Скопје

Во своето работно искуство бил член и претседател на управен одбор– Фонд за здравствено осигурување на Македонија, како и советник во кабинет на министер за здравство во 2017 година. Својата кариера ја има надградувано преку учество на бројни светски симпозиуми во областа на неврологијата. Меџити е е член на Лекарската комора на Северна Македонија, Македонско лекарско друштво, Македонско невролошко здружение и на Европската академија за неврологија.

Како што се наведува во соопштението од Владата, за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, предложен е г-дин Тирон Јајага.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за правда, предложена е г-ѓа Викторија Аврамовска-Мадиќ.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, предложена е г-ѓа Вјолца Бериша.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за здравство, предложена е г-ѓа Маја Манолева.

За заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука, предложен е г-дин Агим Нихиу.

Tags: АЗИР АЛИУВладаКРЕНАР ЛОГАнови министриФАТМИР МЕЏИТИ
Next Post

Недопрена зграда меѓу урнатините во Туркије, сопственост на Комората на инженери

Shortcut

Најново

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

ЦИВИЛ – БРИФИНГ ЗА ВОЈНАТА ВО СЕНКА: Ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk