ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Недопрена зграда меѓу урнатините во Туркије, сопственост на Комората на инженери

February 11, 2023 13:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Една од најтешко погодените области во катастрофалниот земјотрес е градот Кахраманмарас на југот на Туркије. Градот беше речиси целосно срамнет со земја. Деновиве на социјалните мрежи се шири фотографија на која се гледа како една зграда стои недопрена по земјотресот меѓу урнатините на останатите објекти.

Зградата на сликата е во Кахраманмарас, таа е зграда на претставништвото на Комората на градежни инженери. Кога науката и технологијата би се применувале барем за доброто на луѓето, пишуваат корисниците на Твитер.

One building standing in Kahramanmaras: The Chamber of Civil Engineers pic.twitter.com/tJAfA4whYb

— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) February 10, 2023

Зошто новите згради во Турција се распаднаа како да се од хартија?

Становите за кои некогаш луѓето макотрпно штеделе, ги уредувале и ги правеле за удобно живеење, сега лежат во куп урнатини по силниот земјотрес што ја погоди Туркије. Нови и стари згради, некои изградени пред само шест месеци, се распаднаа. Други се сплескаа како бетонски палачинки.

Целосниот обем на штетите од земјотресот со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала во понеделникот и континуираните последователни потреси што предизвикаа хаос во Туркије и Сирија, при што загинаа повеќе од 24.000 луѓе, не е познат. Бројот на смртни случаи во Турција секојдневно се зголемува.

Паралелно, расте гневот зошто, во земја со историја на големи земјотреси, квалитетот на градбата е толку лош што зградите се распаѓаат како да се од хартија.

Експертите велат дека Турција има прописи за спречување таква катастрофа, но тие слабо се спроведуваат од градежните компании, од кои најголемите често се блиски до претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Официјални лица велат дека 12.141 зграда се или уништени или сериозно оштетени во Туркије.

Имајќи предвид дека првиот земјотрес беше толку силен, „требало да се очекуваат штети, но не и ваква штета каква што гледате сега“, изјави за француската новинска агенција АФП Мустафа Ердик, професор на Универзитетот Богазичи во Истанбул.

Дури и ако зградата се урне, луѓето обично можат да се скријат додека спасувачите не ги најдат, рече тој. Но, овој пат, додаде Ердик, зградите „се урнаа како палачинки“. „Подовите се наредени еден врз друг“, нагласи професорот, што значи дека има мали шанси луѓето да бидат пронајдени живи.

Tags: зградиземјотресТурцијауривање
Next Post

Протест во Тирана, албанската опозиција бара оставка од Еди Рама

Најново

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk