ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Колкава е цената на националниот идентитет

February 12, 2023 15:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Пред триесет и кусур години, дон Анте Баковиќ му рекол на Виктор Иванчиќ:

„Народ без држава е како говно на дожд!”.

Ружата ветрови ја носеле таа порака натака-навака, се додека не дошла до идеолозите на една новоформирана партија во Македонија.

Во вмро-дпмне рекле:

„Па ова е, браќа и сестри, супер, тоа значи дека ако сакаме од Македонците да направиме говна, треба да им ја растуриме државата, така ли е?”.

„Така е”, рекле членовите на Извршниот комитет, „но што ќе правиме ако фати суша, во Македонија знае со месеци да нема дожд?”.

„Ќе мочаме врз говното и така ќе ја растуриме неговата супстанца подобро отколку што тоа може да го направи и најсилниот пороен дожд, мочката на Хер Флик е посилна од солна киселина”- рекол лидерот.

Ете, почитувани, така е дефинирана и усвоена говњарската доктрина што ја доминира македонската транзиција со не мали успеси.

Кои најдобро можеме да ги регистрираме со помош на мирисот.

Мирисот ни пружа сознание за чувството измиено од мисли.

За разлика од слушањето или гледањето.

Се разбира, има тука и една сериозна противтежа на другата страна, на страната на нормалноста, модерноста и европскоста, но, ако сакате да дознаете како стигнавме до тука, мириснете се од главата надолу и следете каде и врз што мочаат говњарите од вмро.

Со други зборови: растурањето на државата е мисија, процедура, рецепт, а целта е говното што треба да се добие од обездржавени и измочани Македонци.

Иванчиќ се прашува, тоа што се прашувам и јас, еве, има триесетина години: колкава е цената на националниот идентитет и колку е тој важен во животот на човекот?

И додава: Идеолозите на државотворството го наметнаа фактот на националноста како многу поважнен од сите други аспекти на човечката личност. Не етнички или граѓански дефинирани, како што се чини на прв поглед, туку идеолошки, како доктрина која служи за чиста национализација на масите поради постигнување на конкретни политички ефекти.

Идеолошкиот Македонец, вморон, оној кој го положил својот личен идентитет пред челуста на метафизичката смисла на државата, остава впечаток како суштество од ефтините хорор филмови: и како мачител и како маченик, тој во себе има нешто трагично дефектно, што истовремено го прави и комичен и монструозен. Тој е во постојан судир со сите што не го делат неговиот богат талент за редукционизам.

Во тој свет суштината на идеолошкото македонство е во жртвувањето.

Жртвување чија суштина е во отфрлањето на човечноста: во онечовечувањето!

Националната освестеност на не-човекот нема природен избор ниту среден пат, туку неговата предодреденост може да биде само двополна: пат на светецот или пат на крволокот. Или-што е најчесто- и едното и другото.

Ова е мала адаптација од текстови во книгата „Точка на У”.

Нацијата која што во што поголема мерка е лишена од морални луѓе- имено, од поединци во полна смисла на зборот, од оние кои и покрај се сопствената совест ќе ја претпостават на државните интереси- има неспоредливо поголема употребна политичка вредност.

Да, лудаците се покорисни, без сомневање.

Верувањето во апстрактната држава, во нејзината метафизичка смисла, пишува Виктор, всушност е верување во флуидното ништо. Религијата на државата подразбира дека верноста на стадото е ослободена од каква било конкретна содржина затоа што тогаш нема причини да се поставуваат прашања. Кога тоа ништо ќе се прифати како  фајнал солушн, како конечно и спасоносно докинување на нашите историски ноќни мори, како клуч за разрешување на нашите мизерни и уништени егзистенции, тогаш настанува колапс на разумот и почнува владеењето на неумоливата идеолошка логика: државотворното празноверие со кое е вооружена армијата на верни, ќе ја наткрили и оправда секоја направена гадост.

Дури и себепретворањето во говно кое се распаѓа, ја под врнежи од дожд, ја под млазеви на патриотска мочка.

Ние сме на работ.

Емил Сјоран ја разложуваше генеалогијата на занесеништвото во религиозното доживување на политичката стварност и тоа од идејата која се претвора во уверување, а потоа добива облик на случување: така се врши премин од логика кон епилепсија, така настануваат идеологиите, учењата и крвавите лакрдии при што во секоја идеолошка непомирливост видлива е животинската суштина на заносот. Човековата потреба за измислици и за митологии е посилна од очигледноста и исмевањето: за сите негови злосторства виновна е неговата способност да обожува.

Нема поопасни створови од оние кои страдале поради некое уверување вели другарот Емил. Јас би додал и од оние кои само мислат дека страдале или мислат дека е опортуно да се маскираат во страдалници. Големите прогонители доаѓаат од редовите на страдалниците на кои не им се отсечени главите.

И на самиот крај:

Таканаречената македонска интелигенција, речиси без остаток, даде несебичен придонес за воспоставувањето и распламтувањето на македонската државотворна идеологија, а покасно, кога  беснеењето на  револуционерното државотворство зема сила и дури почна да ја разградува државата и да моча врз говното, не се ниту осмели ниту знаеше да му се спротивстави.

Јас знам дека секој ден ви порачуваат да бидете Македонци бидејки ситуацијата во која се наоѓа државата тоа го бара.

Отерајте ги у пизду материну!

Сè што треба да бидете е: татко, брат, син, маж, љубовник, стручњак, мајка, љубовница, докторка, менаџерка, поет, композитор, фудбалер, ракометар, астронаут, земјоделец, тенисерка, премиерка…


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. | Извор: FRONTLINE

Tags: ВМРО-ДПМНЕдржаваМакедонцинароднационален идентитет
Next Post

Бројките растат, над 33.000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Зеленски вели дека Украина е подготвена да најде „дипломатски начин“ за завршување на војната

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Трамп го пофали црниот костум на Зеленски

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk