ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ PMD

Европскиот блок подготвен да ги оствари зацртаните цели

February 14, 2023 08:44
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера започна седницата во Собранието на Северна Македонија на која треба да биде изгласан новиот владин кабинет, после реконструкцијата што ја најави премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, тоа ќе внесе нова енергија и ќе се стави крај на манипулациите за предвремени избори. Премиерот е дециден дека ваквите промени во извршната власт не се мотивирани од тесно партиски интереси на ниту една партија во Владата.

Експертската јавност смета дека составот на новата Влада ќе зависи од гласањето во законодавниот дом.

Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски, реконструираната Влада најдолго ќе издржи до изборите, а потоа „зависи“.

-Треба да видиме како ќе се одвива гласањето во Собрание. Ако мнозинството се задржи или дури се зголеми, ќе има некаква стабилизација, но доколку биде исто или се намали, тогаш ќе се дестабилизира ситуацијата, потенцира Арсовски за „Локално“.

Аналитичарот е дециден дека единствената поента на Владата во наредните 18 месеци треба да биде борбата за уставните измени.

-Не гледам што друго би можела да направи бидејќи кое и да е прашањето, одговорот е продолжување на преговорите со ЕУ. Сакаш спас од економската и енергетска криза – отвори ги побрзо Поглавјата. Сакаш подобро владеење на право – отвори ги Поглавјата што побрзо итн. Нема една единствена варијабла која може да се случи на Македонија и повеќе ќе влијае за добробит на општеството од продолжување на преговорите со ЕУ. Тоа мора да биде врвен приоритет, појаснува тој.

Околу терминот „европски блок“ Арсовски смета дека е флоскула, бидејќи замена на една албанска партија во Влада со друга, не ги менува бројките за европско гласање.

-Дури и Алтернатива која вчера излезе од Влада, вели дека ние ќе гласаме за уставните измени. Така да во таа смисла тоа не се менува, смета тој.

Поранешниот пратеник Зуди Џелили смета дека се потребни уште 6 пратеници за да се дојде до потребната бројка за внесување на Бугарите во Уставот.

-Мислам дека сега кога ќе се види дека бројот на пратениците кои ја поддржуваат агендата за ЕУ, ќе биде поголем. Мислам дека 74 пратеници се изјаснија дека се за оваа интеграција и тогаш полесно ќе биде да се најдат уште 6 или пак целосно ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати уставните измени, со услов пред крајот на мандатот да има техничка Влада по Пржинскиот модел. Требаше прво да се направи поголемо мнозинство од 64 и после да се впуштат во разговори за да се постигне бројката од 80 пратеници за менување на Уставот, изјави тој.

Џелили порачува дека Владата сега е максимално подготвена за остварување на своите цели.

-Мислам дека Владата и европскиот блок се спремни и ќе ги остварат зацртаните цели. Сите сме се изјасниле дека друг пат нема и мора да се оди по него. Мислам дека ќе се рефлектира и најголемата опозициска партија, така да овие проблеми мислам дека треба да се решат за да ги почнеме преговорите со ЕУ. Унијата постојано ни помага со финансиски средства, така да не очекуваат подобри времиња и затоа треба сите да се ориентираме како треба и да ги оставиме на страна партиските незадоволства од разни групации, посочи Џелили за „Локално“.

Tags: ВладаЕвропски блокЕУМакедонијамнозинствоуставни измени
Next Post

Османи - Попеску: Силна поддршка од ОБСЕ за напорите за решавање на ситуацијата во Транснистрија

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk