ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ ја подготви одбраната на државата против аболицијата на Иванов

February 16, 2023 11:05
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија ја поздрави денешната одлука на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) која е во полза на државата и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања.

За одбраната како претставник на државата беше задолжен Бојан Маричиќ како министер за правда да го подготви одговорот на државата во врска со поднесените тужби од страна на функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Стразбур. Тој ангажираше поголем тим експерти кои се вклучија во подготовка на одбраната. Одговорот беше на десетици страници, со фокус на тоа фактот дека тогашниот претседател Иванов немал законска можност да ја даде аболицијата, па оттаму и фактот дека не ни можел потоа да ја повлече. Тој не може да повлекува нешто за кое претходно немало законска основа да се даде, тврдеше Маричиќ. Од денеска изнесеното оваа стратегија се покажа како исправна, што беше беше потврдена и од судот во Стразбур.

Одговорот на повеќе од 60 страници и доказен материјал од илјадници страници, беше испратен во текот на јуни 2021-вата година до Европскиот суд за човекови права во Стразбур во врска со колективната аболиција за снимките од прислушуваните разговор што ја даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Аргументите на Владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на ЕСЧП. Спротивно на тврдењата на апликантите, ЕСЧП не утврдува прекршување на Европската Конвенција за заштита на човековите права.

„Одлуката која денес ја донесе ЕСЧП се однесува на 6 случаи кои пред Судот во Стразбур ја тужеа Република Северна Македонија со наводи за повреда на ЕКЧП по член 5 и член 6. Со одлуката, Судот смета дека жалбите на апликантите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови”, истакнаа денеска од Владата.

Tags: ЕСЧПИвановМаричиќодбрана
Next Post

(ФОТО) Магазинот „Тајм“ објави насловна страница со украински заложници во училишен подрум

EVN

НАЈНОВО

Бик во центарот на зодијачки круг со светлосни астролошки симболи и космичка позадина.

Зошто Бикот не попушта – тајната сила на тивката издржливост

March 7, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Русија му дава разузнавачки информации на Иран за позициите на американските сили

March 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Кратово

Викенд хороскоп со Анаис – 7 и 8 март

March 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

    ЕУ подготвува нови правила за проширување за да спречи „Унгарија 2.0″?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Курдите се во центарот на новата војна во Иран?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Работниците не можат да преживеат а Христијан им вели не одите на одмор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопјанец пукал во домот и се заканувал со пиштол на сопругата и ќерките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk