ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Овој мал град во Европа е најмирното место што може да се замисли – Охрид низ призма на „Travel off path’

February 19, 2023 12:35
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Специјализираната интернет-страница за патувања и туристички доживувања „Travel off path“, една од најреномираните на северноамериканскиот континент, објави текст посветен на Охрид и на Охридското Езеро. Во неа посетата на Охрид е посочена како неверојатно искуство, „патување што нуди чисто блаженство и спокојство…“, пренесе МИА.

(Travel off path)

Овој мал град во Европа е најмирното место што може да се замисли

На само 30 минути возење веднаш до границата со Албанија се наоѓа спокојниот крајезерски град во Северна Македонија. Овој мал град со 40 илјади е прекрасна, драгоцена тајна за жителите од регионот, независно дали доаѓаат само на викенд или да го направат тука своето летно бегство.

За останатите од целиот свет, тоа место високо би било рангирано на листата како дестинација за нивниот следен одмор или место од соништата за пензионерските денови, само доколку би знаеле дека ова место постои.

Добредојдовте во Охрид!

Охридското Езеро е едно од најголемите и најдлабоките слатководни езера во Европа. Поточно, тоа е поделено меѓу две земји, Албанија и Северна Македонија (попозната како Македонија). Езерото изгледа неверојатно чисто, независно од кој страна се погледне. Но, малиот град Охрид на источната страна од езерото е местото за најдобро искуство. Оние кои ќе се решат да го посетат нема да бидат разочарани!

Повеќе авиокомпании веќе имаат свои летови, како до Тирана така и до Охрид, што го прави мошне попристапен отколку што беше порано. Овој шармантен град е всушност само два часа патување од главниот град на Албанија, споредбено со четирите часа патување од главниот град на сопствената земја – Скопје.

Историскиот град Охрид

Охрид, дел од светското наследство на УНЕСКО, е мешавина од старото и новото, како и многу други европски градови. Стариот град е местото каде што туристите ќе го откријат чукањето на срцето на Охрид.

Улиците и сокаците со калдрма го испресекуваат цик-цак центарот на градот, исполнети претежно со локални жители кои одат на прошетка или со дигитални номади со нивните лаптопи, испоседнати по терасите од кафулињата. Македонците го живеат животот во бавно темпо, тука тоа е лесно забележливо. Сакате кафе, на пример? Можеби ќе треба да почекате вашиот келнер прво да ја заврши утринската цигара пред да ја прими вашата нарачка. Ви треба возење со такси? Можеби вашиот возач сè уште не завршил со читање на весникот… Точно така, весник!

Бројни ресторани во Стариот град нудат свежа риба директно од езерото и евтини локални пијалоци. Повеќето од нив имаат свои тераси на отворено, за посетителите да можат да уживаат во спокојното свежо ветре и во прекрасната глетка кон Охрид. Многу од тие угостителски објекти се специјализирани за кујна од соседните земји, Грција или дури Турција, така што оние кои сакаат да се нагостат тука навистина не можат да згрешат!

Патување назад во времето

Шетајќи низ Стариот град и околните улици, сигурно ќе наидете на црква. Всушност, спротивното би било речиси невозможно затоа што овој град некогаш бил познат по тоа што имал 365 цркви – различна црква за секој ден од годината!

Наследството е неверојатно. Тие градби се речиси недопрени, некои датираат дури и од 9-тиот век од нашата ера! Во Охрид има многу ридови што ги предизвикуваат посетителите, да бидат искачени. Погледот што го нудат е достоен за разгледница, а во комбинација со уникатниот дизајн на романескните цркви, го наградуваат трудот на посетителот со неповторливо искуство.

Македонија е трета најмалку посетена земја во Европа, но туристите кои веќе имат заокружено Охрид на нивната листа патувања, го препорачуваат стрмното искачување до Самуиловата тврдина заради неверојатниот поглед од 180 степени што го одзема здивот.

Ако некој успее да подзаборави на мобилниот во џебот, навистина би почувствувал дека пропатувал назад во времето.

Спокојството на Охридското Езеро

Каде и да талкаат патниците низ Охрид, невозможно е да го пропуштат Охридското Езеро. Во многу делови од светот, вообичаено е езерата да бидат матни и да немаат некоја репутација. Охридското Езеро едноставно не спаѓа во таа категорија. Мирната, кристално чиста вода може да се споредува со она што некој би го видел во одморалиште со пет ѕвездички на Малдивите.

На око недопрено, не е мистерија зошто оваа област е позната како „бисер на Балканот“. Има многу опции за најдобро да се доживее ова природно чудо: параглајдерство, пливање, риболов, пловење или доволно со едноставно потопување на нозете во водата и уживање во спокојното опкружување и бујните зелени околни ридови.

Многу туристи велат дека најдобриот начин да се доживее Охридското Езеро е возење со брод на зајдисонце. Портокаловиот сјај го осветлува целиот град. Еден патник што неодамна бил тука го опиша езерото како „навистина посебно место“ што „го одзема здивот“.

Ако сте во потрага по чисто блаженство и спокојство, не гледајте подалеку од Охрид, Северна Македонија.

Извор: Green Civil

 

Tags: Travel off pathОхрид
Next Post

Георгиевски: За само една недела исплатени над 17 милиони евра земјоделски субвенции (ВИДЕО)

Најново

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk