Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Уште еднаш сакам да и обрнам внимание на јавноста да не и се случи интересот за Латас да и го оттргне вниманието од латасовштината, односно од културната основа на која расте цвеќето на злото, глупоста, просташтвото и омразата.
Првото име на латасовштината е вмровштина. Тоа што првиот го правел во некое инспекторско фиќо лидерот на вмро-дпмне со своите латаси во Собранието и медиумите го прави со Македонија секој ден. Сите ние, нека ми прости силуваното девојче, сме ебана страна. При што пострашно од силувањето е неспособноста да се осети менталната пенетрација која го разорува мозокот.
За поздравување е тоа што “Кожувчанка” ја повлекува својата реклама од емисијата на оној лудак, но тој гест ќе биде речиси безначаен ако градоначалникот на Кавадарци не се повлече од партијата. И сите други градначалницици и чесни луѓе кои дозволиле злото да ги освои и да ги натера да му служат.
Заедно со оние што маршираа надвор пред владата, а треба да маршираат кон внатре.
Текстот е личен став на Авторот.