Претседателот Бајден својот говор во Полска го одржа откако Путин, предходно, во неговото обраќање пред нацијата го обвини Западот за неговата војна против Украина.
Бајден нагласи дека „Украина никогаш нема да биде победа за Русија, никогаш“ додека зборуваше во Полска пред првата годишнина од војната во Украина, и како да испрати уште една порака до Путин, откако предупреди дека „бруталноста никогаш нема да ја уништи волјата на слободните“.
Изјавата на Бајден наиде на голем аплауз од насобраните.
Бајден ја направи пораката појасна со уште едно силно чувство за тоа како „слободните луѓе одбиваат да живеат во свет на безнадежност и темнина“.
Украина сè уште е „независна и слободна“ и покрај напорите на Русија, ги потсети Бајден присутните.
„Од Херсон до Харков, украинските борци ја вратија својата земја“, вели тој.
Тој додаде дека владата на Зеленски е демократски избрана и сè уште ја претставува волјата на украинскиот народ. Тој, исто така, забележа дека Генералното собрание на ОН ја осуди инвазијата на Русија.
Бајден продолжи со детали за злосторствата извршени од Русија за време на војната.
Тие вклучуваат користење на силувањето како оружје за војна, вели Бајден, и обид да се „украде“ иднината на Украина со одземање на децата од нивната татковина.
„Никој не може да ги сврти погледите“, вели тој. Одвратно е, одвратно е“.
Според Бајден, одговорот на украинскиот народ и остатокот од светот бил „извонреден“.
Бајден го завршува својот говор со благодарност до Полска, украинските војници и „сите оние кои ја бранат слободата“.
„Да одиме напред со вера и уверување и со постојана посветеност да бидеме сојузници, не на темнината туку на светлината“, кажа на крајот од говорот претседателот на САД.