ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украина 363. ден: Бајден во посета на Полска; Западот го критикува говорот на Путин

February 21, 2023 16:13
in PMD, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан изјави дека апсурдно е тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека Западот и Кијив се наводно виновни за војната во Украина.

„Никој не ја напаѓа Русија. Има еден вид апсурд во идејата дека Русија била под некаква форма на воена закана од Украина или од кој било друг“, рече Саливан, пренесе Укринформ.

Путин испрати порака до федералното собрание пред првата годишнина од целосната руска инвазија на Украина. Тој уште еднаш го обвини Западот за војната што Русија ја води против Украина и вети дека ќе продолжи со непријателствата.

Путин исто така рече дека Русија ќе го прекине учеството во договорот за намалување на нуклеарното оружје.

За обраќањето на Путин со идентични зборови како Џејк Саливан одговори и шефот на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Никој не ја напаѓа Русија, таа е агресорот. Претседателот Путин е тој што ја започна оваа империјална освојувачка војна. Како што стави до знаење Путин денеска, тој се подготвува за уште војна. Тој не смее да победи. Тоа би било опасно за нашата сопствена безбедност и за целиот свет“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и изрази жалење поради одлуката на Путин да го суспендира своето учество во Договорот за контрола на нуклеарното оружје СТАРТ, пренесува Aljazeera.

Говорејќи за време на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, Столтенберг ја повика Москва да го преиспита потегот.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс исто така изјави дека е нејасно дали потегот на Путин да го суспендира учеството на Русија во новиот нуклеарен договор СТАРТ ќе има практично влијание.

„Сè уште не видовме причина да го промениме нашиот нуклеарен став, нашата стратешка положба“, рече Нед Прајс за Си-Ен-Ен.

Соединетите Држави објавија јавно оваа година дека Русија не го почитува новиот договор СТАРТ, рече тој, додавајќи дека Вашингтон ќе внимава да види какви чекори всушност презема Москва.

Од друга страна пак, претседателот на САД, Џо Бајден ги собира сојузниците на НАТО во Полска за да покаже дека Соединетите Држави стојат целосно зад Украина и се посветени на зајакнување на источното крило на алијансата.

„Мораме да имаме безбедност во Европа. Тоа е единствениот сојуз, би рекол, можеби најконсеквентниот сојуз во историјата – не само модерната историја, туку и во историјата“, изјави Бајден во Варшава зборувајќи за НАТО и додаде дека една година подоцна (по почетокот на руската инвазија), НАТО е посилен отколку било кога.

Американскиот претседател и се заблагодари на Варшава за нејзината поддршка на Украина и се осврна на тоа дека генерациски ќе ја зајакне енергетската безбедност на Полска.

„Едноставно е неверојатен начинот на кој пречекавте 1,7 милиони Украинци. Командниот штаб за нашите сили во Европа ќе биде во Полска. Исто така, започнуваме ново стратешко партнерство со планови за изградба на нуклеарни централи и генерациско зајакнување на енергетската безбедност на Полска“, рече Бајден.

– Како што му кажав на претседателот Зеленски додека разговаравме вчера во Кијив, со гордост можам да кажам дека нашата поддршка за Украина останува непоколеблива“, додаде Бајден.

Полскиот претседател, Анджеј Дуда изјави дека посетата на американскиот претседател на неговата земја е важен знак за посветеноста на САД за одржување на безбедноста во Европа,

„Вашата посета е важен знак за безбедност, сигнал за одговорноста на САД за безбедноста на светот и Европа. Америка може да го задржи светскиот поредок“, му рече Дуда на Бајден за време на нивната билатерална средба.

Подготви: А. Ристески

Tags: Белата куќаВладимир ПутинРусијаСАДУкраинаЏејк СаливанЏо Бајден
Next Post
Од лево, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, во седиштето на НАТО во Брисел, 21 февруари 2023 година.

НАТО, ЕУ и Украина се согласија да го зголемат производството на оружје за да им помогнат на воените напори на Кијив

НАЈНОВО

Струшките вечери на поезијата – 64 години животворна мисија на зближување на културите и народите од сите меридијани

August 20, 2025

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk