ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Андонов: Сите лиценцирани компании да се пријават на јавниот повик на ЕСМ Продажба за испорака на природен гас, повеќе понуди за поконкурентна цена

February 22, 2023 14:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес конференција на којашто се обрати соработникот за енергетика Виктор Андонов беа споделени најновите информации за енергетската состојба на земјата.

„Во текот на вчерашниот ден, произведени се вкупно 15.554 Mwh електрична енергија, од кои 11.798 Mwh се од термоелектраните, додека 3756 Mwh се од обновливи извори на енергија. Ова производство на електрична енергија е наменето за домаќинствата и малите потрошувачи како и за потребите за дополнителните снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и витални државни субјекти”, рече Андонов.

Во своето обраќање Андонов истакна дека во текот на вчерашниот ден ЕСМ Продажба објави повик за прибирање на понуди за снабдување со природен гас за месец март за топланите и другите потрошувачи во државата и ги објасни деталите од повикот.

„На овој јавен повик може да се пријават сите домашни и странски лиценцирани и регистрирани компании за дејноста кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат гас за месец март 2023. Јавниот повик трае до 24.02.

Компаниите треба да достават податоци за нивната понуда во однос на технички карактеристики на гасот, земја на потекло, гаранција, фиксна цена за Mwh, вкупна количина која што се нуди и изјава од одговорно лице на понудувачот дека може да ги обезбеди наведените количини во периодот за кој се дава понудата односно за месец март на точка на испорака главна мерна станица Жидилово Република Северна Македонија.

Ги повикувам сите заинтересирани компании кои можат да ги обезбедат потребните количини барани во повикот, во текот на наредните 2 дена да се пријават на јавниот повик. Во интерес на граѓаните е да имаме повеќе понуди и конкурентни услови со цел обезбедување на најповолната понуда”, додаде Андонов.

Воедно тој упати и апел до граѓаните кои ги усполнуваат условите објавени на јавниот повик од Министерството за економија кој сеуште е активен, а се однесува на субвенционирање на сметките за електрична енергија за најранливите категории на граѓани, да аплицираат на повикот и да ги остварат своите права.

„Владата обезбеди скоро 1 милион евра за субвенционирање на сметките за електрична енергија на домаќинствата со ниски приходи. Субвенцијата се движи од 600 до 800 денари на сметката во зависност од категоријата во која припаѓаат.Сите потребни информации се наоѓаат на веб страницата на Министерството за економија”, рече соработникот за енергетика Виктор Андонов.

Tags: АндоновгасЕСМ продажбаКомпании
Next Post

Во „Европската куќа“ се одржа дебата за заштита и промоција на мајчиниот јазик преку литературата

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk