Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со претставници од Швајцарска Амбасада, УНФПА, бизнис секторот и Академијата се сретнаа со студенти од Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Студентите кој што беа присутни беа од различни профили на студии и на средбата се разговараше за важноста на менталното здравје како и за идните нивни планови и аспирации, велат од МТСП.
Тренчевска ги сподели своите искуства со студентите и во непосреден разговор ја истакна важноста од проактивноста на младите за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во државата.
Студентите преку сопствени примери ги посочија предизвиците со кои се соочуваат новите генерации, потребата од постојано надоградување како на младите така и на возрасните како и потребата од размена на искуства кои како што тие искажаа би била навистина од корист.
Средбата заврши со споделување на прогресивни идеи на младите за подобрување на системите во државата како и заедничкиот заклучок дека секој од присутните како релевантни чинители имаат удел во непреченото функционирање на сите процеси во државата, се вели во соопштението на МТСП.