Претседателот Џо Бајден денеска во Варшава ќе се сретне со лидерите од источното крило на НАТО и ќе ги увери дека неговата администрација е многу свесна за претстојните закани и другите влијанија од руската инвазија на Украина.
Состанокот денес во среда се случува на крајот од посетата на Бајден на Полска и Украина и ги собира земјите од Б9 форматот, збирка на нации од најисточните делови на НАТО алијансата што беше формирана како одговор на анексијата на Крим од страна на рускиот претседател Владимир Путин во 2014 година.
Како што војната во Украина се одолговлекува, вознемиреноста на деветте земји од Букурешт остана засилена. Многумина се загрижени дека Путин би можел да преземе воена акција против нив, доколку биде успешен во Украина. Алијансата ги вклучува Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија и Словачка.
– Кога Русија изврши инвазија, не беше тестирана само Украина. Целиот свет се соочи со тест“, рече Бајден во вторникот во обраќањето од подножјето на кралскиот замок во Варшава за да ја одбележи мрачната годишнина од руската инвазија, пренесува Еуроњуз.
„Европа беше тестирана. Америка беше тестирана. НАТО алијансата беше тестирана. Сите демократии беа тестирани, додаде Бајден.
Бајден во вторникот во Варшава се состана со молдавската претседателка Маја Санду, која минатата недела тврдеше дека Москва стои зад заговорот за соборување на владата на нејзината земја користејќи надворешни саботери.
Сместена меѓу Украина и Романија и една од најсиромашните земји во Европа, источноевропската нација имаше историски врски со Русија, но сака да се приклучи на Европската унија од 27 земји. Бајден во своите забелешки ја поддржа кандидатурата на Молдавија за пристапување во ЕУ
„Горд сум што стојам со вас и слободољубивиот народ на Молдавија“, рече Бајден за Санду и нејзината земја во своето обраќање во вторникот.
Откако Русија ја нападна Украина пред речиси една година, Молдавија, поранешна советска република со околу 2,6 милиони жители, се обиде да воспостави поблиски врски со своите западни партнери. Минатиот јуни ѝ беше доделен статус на кандидат за ЕУ, истиот ден кога и беше доделен и на Украина.
Подготви: А. Р.