ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

За натамошен успех на Гаранцијата за млади неопходна е поголема активација на невработените млади лица и теренска работа

February 22, 2023 11:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е предводник меѓу државите од Западен Балкан во спроведување на рамката на политики Гаранција за млади, која овозможува младите лица до 29 години кои не се вработени, да се вклучат во некоја од активните програми за вработување.

Гаранцијата за млади од 2014 година е главната рамка на политики во земјите членки на ЕУ за вработување на младите. Македонското искуство во спроведувањето на Гаранцијата за млади беше презентирано пред претставниците на надлежните државни институции од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, во рамки на студиската посета и конференцијата што се одржува на оваа тема во Скопје.

„Посебно сме горди што Република Северна Македонија е првата земја надвор од  ЕУ која од 2018 година во континуитет успешно го спроведува проектот Гаранција за млади. Од воведувањето до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во Гаранцијата за млади. Речиси 40% од учесниците во проектот добија понуда за вработување, континуирано образование и обука, и беа вклучени во практикантство, што се смета за позитивен исход. Пристапот во справување со невработеноста на младите лица на пазарот на трудот покажа видно подобрување на состојбите со вработувањето на младите во нашата земја“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

На конференцијата беа презентирани искуствата од некои земји членки на ЕУ, конкретно од Ирска, Естонија и Шведска, во однос на начинот како функционираат нивните системи за идентификација, вклучување и индивидуална поддршка на младите луѓе кои се долгорочно невработени или неактивни поради нивната неповолна положба на пазарот на трудот.

„Гаранцијата за млади повеќе од осум години успешно се спроведува ширум Европската Унија. Таа им помага на младите луѓе да стекнат вештини кои се потребни на денешниот пазар на труд, со што се намалува невработеноста. Северна Македонија беше првата земја надвор од ЕУ која започна со имплементација на Гаранцијата за млади во 2018 година. Добро е да се види дека сите партнери од Западен Балкан сега ја прифатија иницијативата и почнаа да работат на развивање на шеми за младински гаранции во своите земји“, рече амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

Северна Македонија го започна спроведувањето на Гаранцијата за млади во 2018 година, најнапред како пилот-проект во неколку општини, а од 2020 година и на целата територија на земјата. Меѓународната организација на трудот, преку Инструментот за техничка помош на ЕУ/МОТ, во континуитет обезбедува поддршка во планирањето, следењето и прегледот на спроведувањето на Гаранцијата за млади.

„Северна Македонија покажува добри резултати во спроведувањето на Гаранцијата за млади. МОТ и понатаму ќе ја нуди својата експертиза и поддршка за да се овозможи натамошно унапредување на имплементацијата на оваа мерка во земјата. Досегашните искуства во нејзиното спроведување покажуваат дека за да се постигнат резултати неопходна е силна меѓуминистерска соработка и партнерство со граѓанските организации, синдикатите и организациите на работодавачи. Законодавно усогласување, како и поголема дигитализација на јавните служби за вработување, се клучен фактор за успех“, вели Емил Крстановски, национален координатор на МОТ.

Според податоците на Агенцијата за вработување на Северна Македонија, во текот на 2022 година, бројот на млади лица до 29 години кои влегле во Гаранцијата за млади бил 20.185, а од нив 8.706 или 43% се вработиле или се стекнале со вештини преку обуки, што претставува продолжување на успешниот тренд на имплементација на оваа рамка евидентиран во претходните години.

Tags: Гаранција за младиДејвид ГирИДУЕПТренчевска
Next Post

Бочварски: Развојот на авиосообраќајот и воздухопловството во Северна Македонија е високо на агендата на Владата

Shortcut

Најново

Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk