Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска во 14 часот ќе одржи митинг на плоштадот „Македонија“, а по повод годишнина од почетокот на руска сеопфатна инвазија врз Украина.
Учесниците на митингот, од плоштадот „Македонија“, ќе се упатат во Жена парк, каде ќе положат цвеќе пред споменикот на Тарас Шевченко.