ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Политичката некултура не влече надолу, чија е одговорноста?

February 27, 2023 10:47
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Тони ПОПОВСКИ

Неодамна беше објавено рангирањето на 165 независни држави и две територии во Индексот на демократија за 2022 година на влијателниот магазин Економист. Ние сме рангирани во групата на „демократии со недостатоци“ заедно со најголемиот дел од државите во поблискиот регион, сочинет од  наши соседи и нивни копнени соседи, меѓу кои и 6 држави членки на ЕУ.  Исклучок се Босна и Херцеговина и Турција кои се рангирани како хибридни режими.

Во академската средина не постои консензус за тоа како треба да се мери демократијата, но сепак овој композитен индекс на Економист поради неговата комплексност, се смета за најблиска мерка на степенот на демократија во светот. Индексот е сочинет од 60 индикатори поделени во пет категории: изборен процес и плурализам; граѓански слободи; функционирање на владата; политичко учество; и политичка култура. Оценувањето е на скала од 0 до 10 за секој од 60-те индикатори за кои потоа се изведува просечна оценка во 5-те категории и конечна оценка во рангирањето.  Базата на податоци ја сочинуваат анкетни и други извештаи на реномирани меѓународни организации и експерти.

Во споредба со 2021 година, се наоѓаме на 72 место, односно искачени сме за едно место со просечна оценка 6.10. Претпоставка е дека би се искачиле најмалку десетина места погоре, доколку ја унапредиме политичката  култура, за која втора година по ред имаме срамна оценка од 3.13 од 10. Другите поединечни оценки се: 7.83  – покачена оценка за изборниот процес и плурализмот (7.42 во 2021); 6.07  – намалена оценка за функционирање на владата (6.43 во 2021); 6.11 за политичкото учество (идентично во 2021) и 7.35 – покачена оценка за граѓанските слободи (7.06 во 2021). Сите оценки под 6 за поединечни елементи на овој композитен индекс и конечната просечна оценка, упатуваат на хибридни и авторитарни режими.

Да се обидеме да направиме една куса анализа и заеднички да ја лоцираме одговорноста за нашата евидентна политичка некултура. Доколку пристапиме методично, одговорот треба да го побараме низ мапирање на клучните фактори кои ја обликуваат политичката култура.

Една од најцитираните дефиниции за „политичка култура“ е таа на Лусијан Пај, американски политиколог и долгогодишен професор на реномираниот МИТ, кој почина во 2008 година: „Политичката култура е збир на ставови, верувања и чувства, кои му даваат ред и значење на политичкиот процес и кои ги обезбедуваат основните претпоставки и правила кои го регулираат однесувањето во политичкиот систем“.  Доколку за појдовна точка ја земеме оваа дефиниција, треба да утврдиме кој ги обликува политичките ставови, верувања и политичките чувства, не заборавајќи притоа дека политичкиот избор е првенствено емоционален избор. Ова прашање не би требало да е сложена загатка, па дури и за едно општество кое сеуште ја живее својата демократска адолесценција.

Политичките ставови, верувања и политичките чувства првенствено и најсилно ги обликуваат: политичката класа; потоа медиумите како околина за дистрибуција на политичките убедувања и пораки, и со оглед на времето во кое живееме, социјалните медиуми и мрежи како виртуелен простор за слободно и широко манифестирање на политички ставови но истовремено и на се’ поевидентна ментална и социјална патологија.  Оттаму и одговорноста за обликување на политичката култура треба да ја лоцираме кај политичката елита во партиите, собранието, владата и локалната самоуправа, на медиумите, нивните уредници и новинари, и секако, на нашето однесување на социјални мрежи.

Што се однесува до политичкиот процес и правила на однесување кои се претежно со закон уредена материја, на хартија сме ставиле едно, но во пракса за жал се случува друго. Пред секој изборен циклус, партиите се обврзуваат декларативно на еден стандарден етички кодекс на однесување кој доликува на демократски политички систем, а поврзано со медиумите воспоставени се правила за соодветна етика и стандарди за професионално известување, заедно со надзорни механизми. Во пракса за жал сме сведоци на крупни девијации наспроти начелните и исправни заложби. Во споредба со претходното, социјалните медиуми и мрежи се простор кој поради обезбедување на слобода на изразување подлежи само на делумна регулација и оваа состојба не ретко и масовно се злоупотребува за отворен говор на омраза и други емоционални проблесоци поврзани со лични фрустрации, незадоволство, вклучувајќи и специфични облици на социјална патологија, расизам, мизогонија, етничка, политичка и класна нетолеранција, и сл. Притоа очигледно немаме предвид дека колку е политичката некултура понагласена, пропорционално, толеранцијата во општеството опаѓа и демократските вредности за кои сме постигнале општествен консензус и сме ги превеле во правна норма, транзитираат во недемократското и авторитарното.

Патот за остварување повисока политичката култура е преку унапредување на општествениот консензус и кохезија, и пресретнување на обидите да се поткопаат демократските институции преку зголемена поддршка за облици на авторитарно владеење. Токму тука потфрламе поради поделеноста во жестоко спротивставени политички кампови кои секојдневно комуницираат со меѓусебни обвинувања и вокабулар кој многу често е под нивото на елементарна пристојност. Последица која не треба да се занемарува е се’ понагласеното апстинирање на избирачите кое пак доведува до намален легитимитет за владеење на избраните. Ова е еден од посуптилните индикатори на Економист за оценување на степенот на политичката култура. Истотака, емпириски е докажано дека пад на политичката култура се случува и кога повлијателните партии заземаат порадикални и нагласено конфронтирачки позиции, крајно лево или десно во политичкиот спектар. Колку за илустрација, и актуелните случувања во македонско – бугарските односи може да се атрибуираат на ниската политичка култура или некултура во двете општества и класичната злоупотреба на чувствата на избирачите на темите „Македонија“ и „Бугарија“ во внатрешно политичкиот натпревар, особено од страна на порадикалните партии. Бугарија е рангирана на 57 место како демократија со недостатоци но има  разочарувачки ниска оценка за политичката култура од 4.38 во 2022 но и претходно во 2021 година.

Дома кај нас сме пред значаен избор. Политичката некултура од која секој вистински посветен демократ е засрамен, не влече надолу. Доколку сакаме да напредуваме, неопходно е помасовно да се заложиме за умереното во политиката наспроти радикалното. Секој во сопствениот периметар. Притоа одговорноста е првенствено на политичката класа, политичките активисти и медиумите, но и на секој од нас и нашето однесување на социјалните мрежи.

Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Рацин.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ПоповскиФРОНТ

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk