ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Одлучни сме да го постигнеме посакуваниот напредок на патот кон членството во ЕУ

March 1, 2023 11:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Очигледно е дека Западен Балкан го има вниманието на Европската Унија, што секако е позитивна порака, дека европската перспектива на регионот е реална и предвидлива. Одлучни сме да го постигнеме посакуваниот напредок на патот кон членството во ЕУ и процесот на преговори да ги изведеме квалитетно и брзо. Нашата крајна цел е да ја донесеме Европа дома за да ја живееме Европа, а не само да зборуваме и да се надеваме на неа, порача вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој во своето видео обраќање за време на денешниот Скопски Економски Форум, организиран од Делфи Економски Форум и Грчката бизнис асоцијација, напомена дека јасната европска перспектива со точни и предвидливи датуми ќе делува како катализатор, и ќе ни биде поттик брзо да ги спроведеме реформите, или фигуративно кажано – да понудиме навремени и квалитетни решенија за нашите обврски и задачи кон ЕУ.

-Руската агресија врз Украина беше аларм за Европската Унија, дека мора јасно и прецизно да ја деифинира својата стратешка политика и да направи план за европската перспектива на нашиот регион. Сериозните последици што Руската агресија врз Украина ги предизвика на Балканот бараат поголем ангажман од страна на Европската Унија во регионот, а од нас потврда дека сме на иста страна и на иста линија со нашиот стратешки партнер Европската Унија и дека сме кредибилен партнер на Унијата во заштитата на европските вредности, мирот и стабилноста, рече Маричиќ.

Она што е неопходно, според Маричиќ, е испраќање сигнал дека Европската Унија останува и понатаму да ја има водечката улога на овие простори. Тоа, како што рече, веќе се направи со одржувањето на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тирана.

-Унијата ја потврди посветеноста и најави натамошен зголемен политички ангажман во нашиот регион. Ова е особено важно во време кога довербата кај граѓаните од државите на Западен Балкан за процесот на евроинтеграциите значително опаѓа, првенствено поради ставањето на страна на регионот и долгото чекање пред вратите на ЕУ. Балканот е на реформскиот пат, посветен е на трансформацијата на општествата, но она што очекуваме е план за членството во ЕУ, додаде Маричиќ.

Тој додаде дека со ЕУ ја делиме одговорноста и европските вредности и потенцираше дека како стратешки партнери заеднички ќе одговориме на сите надворешни влијанија, обезбедувајќи континуирана политика на проширување и обединување на Западен Балкан со ЕУ.

Tags: Економски форумЕУМакедонијаМаричиќСкопје
Next Post

Груби: Охридскиот договор треба да послужи како пример и за други конфликти во регионот

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk