ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Медиумска писменост за одбрана од дезинформациите и заканите на онлајн предаторите

March 2, 2023 10:12
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Љуан ИМЕРИ

Живееме во реалност на хиперпродукција на информации. Во реалност во која, за жал, успехот често се мери по број на прегледи и лајкови во социјалните мрежи. Ретко се бираат средства како да се дојде до лајк повеќе. Во реалност во која целта не ги определува средствата туку само ги оправдува истите. Реалност во која напливот на дезинформациите бара итна и сеопфатна акција.

Се креираат многу лажни содржини, многу лажни портали. Портали со целосно лажни содржини, такви кои тенденциозно мешаат факти и фикција. Портали кои понекогаш објавуваат некои вистинити содржини, а потоа често подметнуваат други лажни содржини. Има и портали кои коментарите на корисниците ги презентираат како факти или такви кои селективно и делумно користат едни факти и игнорираат други факти.

Во услови на ниска медиумската писменост каде што граѓаните не можат да ги препознаат, а камоли да се справуваат со дезинформациите тешко е да се размисли за медиумски одговорна публика. Граѓаните најчесто не се ни свесни на постоењето и влијанието на лажните содржини, а уште помалку се имунизирани од опасностите и последиците од оваа појава.

Од неодамна, борбата против дезинформациите доби уште еден многу силен удар. Во целиот овој медиумски хаос со лажни содржини се појави и Chat GPT, вештачка интелигенција од следна генерација.

Од љубопитност ја тестирав ова алатката и истата истовремено и ме воодушеви и ме запрепасти. Јас, иако не сум дел од технолошката индустрија, секогаш со задоволство ги користам благодетите од новите технологии. Од една страна Chat GPT претставува значаен чекор напред во областа на вештачката интелигенција и обработката на природните јазици а неговата способност да разбере и да одговори на човечкиот јазик ја прави вредна алатка за сите, но од друга страна и можностите за злоупотреба на истата се неверојатни.

Не само кај нас, оваа алатка на вештачка интелигенција истовремено предизвикува восхит, но и сериозна загриженост насекаде низ светот. Еден од главните ризици од новата алатка е нејзиниот потенцијал да креира “длабоко лажен текст“, текст што е генериран од модел и не се разликува од текстот напишан од човек. Ова може да се користи за имитирање на поединци на интернет или за ширење на дезинформации. Дури имаше и извештаи за цели книги напишани односно креирани од вештачка интелигенција и истите биле прикачени на соодветни платформи.

Истовремено кога оваа алатка станува неверојатно популарна, поради загриженоста за негативните влијанија врз учењето на учениците и загриженоста за безбедноста и точноста на содржината, властите во многу земји веќе најавуваат дека ќе им забранат на учениците и наставниците да користат Chat GPT.

Без разлика како во иднина ќе се развие регулативата за лажните содржини и ваквите алатки, несомнено е дека образованието треба понуди одговор на тоа како ќе се соочиме со овие  предизвици. Потребата за воведување на концептот за медиумска писменост во образовниот систем на современите општества е веќе препознаена, а воведувањето на медиумската писменост во образованието може да им помогне на младите да стекнат доверба во медиумите и младите да можат да ги користат дигиталните медиуми за да поттикнат општествени промени.

Според поновите истражувања, македонските граѓани мислат дека политичките партии и медиумите најмногу шират дезинформации. Голем дел од нив мислат дека можат да препознаат дезинформации, но признаваат дека понекогаш им се случува самите да споделат лажна информација. Без медиумска писменост, и на луѓето со високо образование им е тешко да разграничат меѓу вистината и лагата. Мора да се преземе нешто што ќе ги направи граѓаните отпорни на разните форми на медиумски манипулации за да можат сите да дојдат до посакуваните информации и да уживаме во предностите на онлајн сферата, а притоа да ги избегнат информациите што ни нанесуваат штета. Лажните содржини не само што ќе нè измамат туку ја поткопуваат нашата доверба во легитимните извори на вести.

Иако не се очекува сите да станеме професионалци во потрагата по вистинската информација многу е важно како општество да развиеме критички однос кон тоа што ни е сервирано, да разбираме и цениме како функционира вистинското новинарството и при изборот на вести и информации да им даваме приоритет на содржините од проверени извори. Истовремено како општество мора да дадеме повеќе простор и да инвестираме многу во медиумската писменост на граѓаните, само на тој начин повторно ќе уживаме во слободата и безбедноста обезбедена од добро информирано граѓанство.

Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Рацин.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ИмериФРОНТ

НАЈНОВО

Српска жандармерија насилно пред Правен факултет во Белград. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

July 3, 2025
Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk