ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Со поддршка од ЕУ и Хрватска успешно заврши проектот за унапредување на рибарството и аквакултурата

March 2, 2023 10:59
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на Твининг лајт проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија” вчера се одржа завршен настан.

Проектот е финансиран со средства од Европската Унија и имплементиран во соработка помеѓу Министерството за земјоделство на Република Хрватска – Управа за рибарство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија како главен корисник на проектот. Вредноста на проектот е во износ од 250.000,00 евра и започна со имплементација на 09 мај 2022 година, со времетраење од 10 месеци.

Целта на проектот беше зајакнување на капацитетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на останатите засегнати институции во поглед на усогласување на правната рамка во делот на пазарното уредување и структурните активности во рибарството и аквакултурата со правото на ЕУ.

Во рамките на проектот изготвен е нов Закон за Финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата и 7 правилници кои произлегуваат од истиот, како и други подзаконски акти. Сите се усогласени со европските ругулативи што беше и целта на проектот.

„Вредноста на проектот изнесува 250.000,00 евра, но вистинската вредност на проектот е многу поголема. Она што сакам да го нагласам е дека, придобивките на проектот се значајни не само за МЗШВ, туку и за целата држава, бидејќи со резултатите на проектот, одиме чекор понапред во усогласувањето на нашето законодавство со законодавството на ЕУ за Поглавје 13-Рибарство, а со тоа и чекор понапред кон нашата стратешка цел – членство во Европската Унија” изјави министерот Николовски.

Дополнително, преку соработката и активностите во текот на проектот, се подобрија административните капацитети и инспекциските служби се стекнаа со вештини кои во иднина ќе им овозможат подобро да се соочат со предизвиците и поуспешно да ги извршуваат своите работни задачи.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Штефен Худолин, истакна дека е задоволен од постигнатите резултати и посочи дека поддршката на ЕУ продолжува и понатаму за уште многу други проекти и активности на министерството.

Абасадорката на Република Хрватска, Н.Е г-ѓа Нивес Тигањ, истакна дека нашите држави имаат одлична билатерална соработка и дека ваквите проекти придонесуваат за уште поголеми заеднички успеси.

Министерот Николовски упати благодарност до Европската Делегација и Република Хрватска, како и до целиот тим кој беше вклучен во реализацијата на проектот со што се постигна усогласување на законодавтсвото во делот на пазарната политика и структурните активности за рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија, со регулативите на Европската Унија.

Tags: аквакултураМЗШВрибарство
Next Post

Бектеши - Филиповиќ: Преку размена на искуства во енергетскиот сектор ќе се зголеми соработката помеѓу двете земји

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk