ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски – Пич: Северна Македонија ќе продолжи да биде фактор на стабилност во регионот

March 6, 2023 19:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со Сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, придружуван од амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон.

На средбата премиерот Ковачевски истакнал дека ангажманот на Обединетото Кралство на Западниот Балкан и промовирањето на прашањата за регионалната безбедност се резултат на блиските пријателски односи на двете земји, сојузнички членки на НАТО. Тој се заблагодарил за поддршката која Северна Македонија ја добива од Обединетото Кралство во интеграциските и реформските процеси, соопшти владината прес-служба.

На состанокот била истакната и поддршката за процесите кои се дел од евроинтеграцискиот пат на земјата. Прогресот во евроинтеграциите бил посочен како клучен за поттикнување позитивен напредок и за останатите отворени прашања во регионот. Во тој контекст, се наведува во соопштението од владината прес-служба, нагласена е и потребата од конструктивност на сите политички субјекти во земјата на сметка на блокадите и деструктивноста.

Поддршката беше насочена и за Северна Македонија како земја претседавач со ОБСЕ во време на тешка безбедносна ера за Европа. Во таа насока, поздравени се политиките на Владата како фактор за безбедноста и на регионот но и за Европа. Нагласено е значењето за поставеноста на надворешната политика на Северна Македонија, на линија на политиките на државите од Европа, во однос на ситуацијата во Украина и придонесот на нашата држава во регионалната стабилност, стои во соопштението од Секторот за односи со јавноста на Владата.

Tags: КовачевскиМакедонијаПичрегионсредбастабилност
Next Post
Евра

Интересот за еврообврзницата повисок за половина милијарда евра од претходната аукција - потврда за довербата и кредибилитетот на државата

Shortcut

Најново

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk