На 6 март 2023 година, околу 20 часот, ладнокрвно беа убиени две лица Јетон Кривањева – Жила и Енес Исени – Лаци, а едно лице беше повредено со две прострелни рани. Напаѓачите влегле во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија, и кога ги нашле “таргетите” почнале да пукаат во нив и избегале. Засега, според непотврдени информации, напаѓачите наводно биле облечени во црна облека налик на униформа по што извикале дека станува збор за полициска рација. По нападот, убијците избегала со Ауди А6 кое е најдено запалено во патот кон Горно Оризари.
Меѓутоа, на социјалните мрежи не изостана да се шири говор на омраза, дезинформации и руска пропаганда од свирепото двојно убиство.
Манипулациите и обидот да се прикажат „вагнеровци“ како светци оди до таму што се прават фотомонтажи од објавени наслови во македонските портали.
Меѓутоа, истите овие што си прават „хе-хе-ца“ демек „вагнеровци“ дошле во Скопје и убиле двајца криминалци, ништо не коментираат за видео снимка од брутална и ладнокрвна егзекуција на невооружен украински војник што веројатно ја спроведуваат припадници на руските окупаторски сили, која се појави на социјалните мрежи на 6 март.
ИЗвор: Цивил Медиа