Речиси без исклучок осудувачки се реакциите на твитот на Амбасадата на Руската Федерација во Скопје која објави дека „има причини да се верува дека е стрелан руски војник, кој беше облечен во украинска униформа“.
Во целост во објавениот твит пишува:
„На Интернет се појави видео на кое е стрелан војник во воена униформа на ВСУ. Има причини да се верува дека е стрелан руски војник, кој беше облечен во украинска униформа со цел да се дезинформира меѓународната јавност, а Русија да биде обвинета за наводни воени злосторства.“
❗На Интернет се појави видео на кое е стрелан војник во воена униформа на ВСУ. Има причини да се верува дека е стрелан руски војник, кој беше облечен во украинска униформа со цел да се дезинформира меѓународната јавност, а Русија да биде обвинета за наводни воени злосторства. pic.twitter.com/x3Z06lMhka
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) March 6, 2023
Иако твитот е исклучително малку прифатен и шеруван, коментарите под него се едногласни во осудата на ваков начин да се изрелативизира и да се дезинформира за видеото кое го обиколи светот и во кој на најбрутален начин, против сите конвенции за хуманитарни начела според кои земјите потписнички се обврзани да се однесуваат кон непријателските војници и цивили за време на воени судири, е егзекутиран заробениот украински војник.
Во коментарите кои се унисони се изразува згрозување од овој обид да се релативизира безмилосното убиство на војник во униформа на кому последните зборови му се „Слава Украини“.
Целиот текст на „Рацин“.