БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Ја прашав вештачката интелигенција на Гугл, како може Македонија повторно да стане нормална земја.
Еве што ми одговори ChatGpt:
Прво, господине Тричко, јас не сум вештачка интелигенција, вашите нации се вештачки, јас сум природна интелигенција создадена на уметнички начин.
Добро, добро, не те прашав тоа, кажи ми што мислиш за Македонија!
Македонија може повторно да стане нормална земја на повеќе начини, но најкусиот и најсигурен начин е лицето Христијан Мицкоски да го турите за премиер, час поскоро, не треба да губите време на избори, само појдете и замолете го, тој има програма, има готови проекти, има екипа, има се, нема што нема, друго што те интересира.
Како Бугарите да ги туриме во Уставот.
Дајте им го уставот тие самите ќе се турат, не гледам дека вие треба да се занимавате со таа работа, Мицко знае како да го изведе тоа, не се секирајте.
Фала ChatGtp.
Нема на што ми беше задоволство, повелете и друг пат, ви стојам на располагање и не заборавај: Жмицко за премиер!
Не Ванковска?
Ванковска ќе ја турите академичка да биде.
А Кикифрики?
На Кикифрики ќе му купите бела маица без ракави и фармерки со исечени ногавици и ќе го турите возач на автобус да биде и да има и кондукторски овластувања.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK