Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи поранешниот потпретседател за политика и партнерства на ЕБОР, Пјер Хејлброн за специјален пратеник на Франција за помош и обнова на Украина.
„Многу ми е чест што сум назначен за специјален пратеник на Франција за помош и обнова на Украина од страна на Емануел Макрон. Голем предизвик, огромна колективна одговорност“, напиша Хајлброн на Твитер.
Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Европската унија и нејзините партнери ќе помогнат да се создадат атрактивни услови за приватните инвеститори кои можат да учествуваат во обновата на Украина, додека Русија мора да плати и за уништувањето и штетата предизвикана од нејзината агресија.
Подготви: А. Р.