Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да има „ниту фактичко, ниту де јуре“ признавање на независноста на Косово, пренесува Бета.
На средбата во Врање, каде што ја започна својата турнеја низ Србија како дел од формирањето на Народното движење за државата, Вучиќ истакна дека знае оти претседателската заклетва ја дал на Уставот.
Јас нема да бидам тој што ќе ја потпише независноста на Косово, срам ми е да одам низ Србија и да се правдам пред кого било. Нема предавање, нема да ја признаеме независноста на Косово ниту де факто, ниту де јуре, но ние сакаме мир со Албанците, сакаме пристојни односи, нагласи српскиот претседател.
Тој оцени дека по започнувањето на војната во Украина, геополитичката ситуација во Европа и во светот се променила „подрастично и подраматично“ отколку по падот на Берлинскиот ѕид, но додаде дека во Србија постојат „оние кои се преправаат дека не гледаат колку е тешка положбата на земјата“.
Г.Т.