ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Османи назначи специјални претставници за невладин сектор и млади

March 13, 2023 13:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, во рамки на претседавањето со Организацијата во 2023 назначи двајца нови специјални претставници на претседавачот: за невладини организации, Андреа Стојковски и за млади, Мемет Жаку.

Османи, водејќи сметка за важноста на невладиниот сектор, како и иднината и позицијата на младите во земјата и во ОБСЕ регионот, во листата на свои специјални претставници ги додаде и овие две позиции, покрај претходно назначените вообичаени специјални претставници на претседавачот на ОБСЕ, кои ќе му помагаат во неговата работа со цел да се обезбеди подобра координација на напорите на земјите-учеснички за промоција на улогата на овие области.

Стојковски и Жаку, во рамките на нивните мандати и во тесна координација со Претседавачот Османи, а на линија на приоритетните цели наведени во програмата на Претседавањето на Северна Македонија, ќе дадат поддршка за реализирање на активностите кои нам ни се битни, како и ќе допринесат за зајакнување на позицијата на невладиниот сектор и на младите во сите аспекти на  ОБСЕ, преку промоција на политичката димензија на нивните портфолија и соодветно застапување на интересните групи, организирање на низа форуми, конференции и други слични настани.

„Задоволство ми е да ги претставам Стојковски и Жаку, како мои специјални претставници во рамки на претседавањето со ОБСЕ, за кои уверен сум дека достоинствено ќе се носат со позицијата. Перспективите и придонесите на граѓанското општество и на младите се значајни во работата на сите три димензии “, рече Османи.

Претседавачот Османи, досега ги има назначено и следните лични (ЛП) и специјални претставници (СП): Амб. Хенрик Виладсен, СП на ОБСЕ/Проектен координатор во Украина

Амб. Андреј Каспжик, ЛП за конфликтот кој се адресира во рамки на  Минската конференција на OБСЕ; Амб. Томас Мајер-Хартинг, СП за процесот на разрешување на разликите поврзани со Транснистрија; Амб. Виорел Мошану, СП за Јужен Кафказ;, Лилиана Палиховичи, СП за родова еднаквост; Анита Рамасастри, СП за борба против корупција, Валиjант Ричи, СП за борба против трговија со луѓе, Исмаил Хаки Муса, ЛП за борба против нетолеранција и дискриминација спрема Муслиманите; Регина Полак, ЛП за борба против расизам, ксенофобија и дискриминација, исто така со фокус врз нетолеранција и дискриминација спрема Христијаните и припадниците на другите религии; Рабин Ендру Бејкер, ЛП за борба против анти-семитизам; Полковник Горан Василевски, Раководител на Групата на високо ниво на ОБСЕ за планирање.

Tags: младиМНРНВООсмани
Next Post

Започна поделбата на јуници, 164 од вкупно 496 јуници се поделени кај фармери низ цела Македонија

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk