ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Интензивирани контактите меѓу НЕР и ДЕСФА за интерконекторот за природен гас меѓу С. Македонија и Грција

March 14, 2023 12:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Компаниите НЕР од Северна Македонија и ДЕСФА од Грција во изминатиот период ги интензивирале контактите со цел да се координираат активностите за започнување на градежните работи за интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, објави грчкиот весник „Та неа“, повикувајќи се на свои извори.

Според истите информации, минатата седмица во Скопје се одржала средба меѓу претставниците на двете компании, а проектот е во напредна фаза на лиценцирање и се чека носење на инвестициската одлука.

-ДЕСФА, според достапните информации, до почетокот на септември ќе ја донесе соодветната инвестициска одлука за делот од проектот што се однесува на грчка територија, пишува „Та неа“.

На крајот на октомври минатата година, министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас рече дека е завршено маркет тестирањето за гасоводот со Северна Македонија, кое се проценува дека ќе биде финализирано до средината на 2025 година и станува збор за систем кој ќе биде 100 проценти подготвен за транспорт на водород

Интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција предвидено е да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас.

Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до три милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на водород.

Во октомври 2016 година беше потпишан Меморандумот за разбирање меѓу Националните енергетски ресурси (НЕР) на Северна Македонија и Националниот оператор за пренос на гас на Грција (ДЕСФА).

Нешто помалку од пет години подоцна двете земји потпишаа договор на политичко ниво, а во октомври 2021 година извршните директори на двете компании го потпишаа договорот за соработка за развој и изградба на интерконекторот за природен гас.

Tags: ГрцијаДЕСФАНЕРС. Македонија
Next Post

Телескопот Џејмс Веб доловува величествен поглед на најраните фази од формирањето на ѕвезди

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk