ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ковачевски: „Бехтел и Енка“ се реномиран конзорциум, за сомнежите ги повикувам да постапат ОЈО и Антикорупциска

March 16, 2023 21:10
in PMD, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот за изградба на коридорот 8 и 10Д е најголемиот инвестициски проект во независна Македонија, меѓутоа и во Социјалистичка Република Македонија, рече премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во Сител телевизија.

„1,3 милијарди евра изградба на автопат во период од 5 години со 110 километри. За првпат ќе се гради коридор 8 којшто никогаш не бил изграден и со кој што ќе можеме да излеземе и на пристаништето во Драч и на пристаништето во Бургас. Бидејќи доколку една територија која што се наоѓа на средината на одреден простор како што е нашата држава на средината на Балканот доколку нема инфраструктура таа е кружен тек, не е раскрсница. Со изградбата на коридорот 8 вклучително експресниот пат кон Бугарија кој што веќе се гради проширувањето“, рече Ковачевски.

Според него изведувачот Бехтел и Енка е светски реномиран изведувач кој што е избран и верификуван со закон во Собранието, каде е пропишана целата процедура за спроведување на овој проект.

„Што се однесува до надзорот се е направено врз основа на законите, врз основа на постапки предвидени со закон и со овој посебен закон за коридорот 8 и коридорот 10Д, бидејќи да не го заборавиме 40 километри автопатот од Прилеп- Битола. И сите документи за избор на надзорот се достапни преку јавно достапните информации на Бирото на јавни набавки.  Сите информации заедно со документацијата беа споделени со медиумите на брифинг организиран од јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт. И јас денес повикав со оглед на тоа дека не сите претставници на медиумите присуствуваа уште еднаш да се направи брифинг. Второ со оглед на тоа дека опозицијата има одредени сомнежи ги повикувам и Антикорупциската комисија исто како тоа што го направи американскиот претставник и Антикорупциската комисија да ги прибере информациите и да направи своја анализа, тие веќе отворено и во текот на наредните денови ќе им бидат доставени сите документи коишто се однесуваат на одлуки кои во минатото биле носени од страна на Владата и сите други документи. И исто така и јас го повикувам ЈО да го истражи случајот и да ја каже која е вистината. Бидејќи опозицијата освен што обвинува по цел ден тие друго ништо не прават“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во самиот договор со Бехтел и Енка кој што е над 400 страници стои дека 51% од работите треба да ги извршат македонски произведувачи.

„Тоа значи од вкупната сума од 1,3 милијарди евра над 650 милиони евра ќе завршат во македонските компании. Ние имавме разговор со дел од синдикатите каде што се организирани работниците. Меѓутоа нормално дека ресорните министерства ќе имаат и со комората на градежни компании. Она што е пред нашите  компании е добро да се подготват за да ги претстават своите можности и своите капацитети пред овој конзорциум со цел да утре влезат во договорни односи со нив ако би биле дел од овој проект. Јас дури мислам дека согласно со она што Бехтел и Енка го има правено на другите свои големи проекти бидејќи да не заборавиме ние ги гледаме проектите кои што ги имаат работено на Балканот, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Косово..сега и кај нас, меѓутоа во светот тие имаат уште поголеми проекти, тие дури организираат и саеми кои што сите компании кои што тие имаат потреба да ги ангажираат ги презентираат“, кажа Ковачевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Бехтел и Енка“АнтикорупцискаДимитар Ковачевски

НАЈНОВО

Ослободителна пресуда за Мерко за набавката на автомобил „Ауди“ за потребите на Општина Струга

June 9, 2025
Фото: РК Алкалоид

Алкалоид ангажира седум нови ракометари

June 9, 2025

Цената на бензините останува иста, поскапуваат дизелот и мазутот

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Од последни, до први во Европа по странски инвестиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk