Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во емисијата „Во центар“ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е богата партија, што врши влијанија, на што новинарот Васко Ефтов се надоврза дека ВМРО-ДПМНЕ финансира медиуми, опинион мејкери, инфлуенсери, создава хистерија.
Пенов додаде дека се креира хистерична атмосфера во јавноста.
„Ние на прагот да влеземе во Европската унија, а живееме во атмосфера „ќе ни пропадне државата“. За жал македонското општество повторно наседнува на тие трикови од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Пенов.
Ј. Ѓ.