Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ и Здружението на лекари специјализанти – Скопје, членот на одборот на фондацијата Проф. Д-р Венко Филипче, уште пред три месеци, објави дека нашата фондација ќе стипендира петмина специјализанти за стручно усовршување во Франција. Станува збор за специјалистички курс на IRCAD институтот, еден од најпознатите француски центри за експериментална хирургија, кој скоро три децении е дел од Универзитетската болница во Стразбур.
Комисијата за селекција на кандидати на Здружението на лекари специјализанти, а врз основа на утврдени критериуми објавени во повикот, ги избра петмината специјализанти кои ќе посетуваат курс на институтот IRCAD. Тоа се: Д-р Симона Сапунџија, специјализант по ОРЛ, Д-р Мартина Амбарџиева, специјализант по урологија, Д-р Слободанка Цветкова, специјализант по анестезиологија, Д-р Стефан Крстевски, специјализант по абдоменална хирургија и Д-р Моника Симоновска, специјализант по абдоменална хирургија.
„Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ им честита на избраните специјализанти, посакувајќи им успешно усовршување на IRCAD институтот и стекнување нови знаења од курсот, со надеж дека таквите знаења ќе најдат соодветна примена во нашето здравство.
Нашата фондација, верно следејќи ги своите програмски определби, и овојпат покажа на дело, дека грижата за јавното здравје е една приоритетните заложби во своето делување. Здравјето на граѓаните е пред се’, стои во соопштението на Фондацијата.