Во Северна Македонија гледаме ескалирачки тренд на проблеми и напади врз бугарските институции, изјави вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.
Министерот и потпретседателката на земјата, Илијана Јотова ја претставија програмата со која ќе се одбележи годишнина од членството на Бугарија во Меѓународната организација на Франкофонијата.
-Поминаа ситуациите во кои таму беа нападнати бугарски клубови и организации, а сега од вчера предмет на такви напади е и бугарската држава“, објасни Милков.
Според него, по прифаќањето на „францускиот предлог“ од Северна Македонија, тензиите се префрлија меѓу тамошните политички партии и политичката класа во Република Северна Македонија.
„Не можат да го следат дневниот ред што беше поставен со францускиот предлог“, рече уште Милков.