ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Маратон во Охрид, разговорите влегоа во осмиот час

March 18, 2023 20:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Нема крај на повидок на разговорите меѓу Александар Вучиќ и Албин Курти со посредство на европските претставници во вилата „Билјана“ во Охрид. Откако имаа поединечни состаноци српскиот претседател и косовскиот премиер со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, тие седнаа на трилатерална средба. Првиот сет од разговорите траеше повеќе од еден час по што беше направена пауза.

Повеќе од 230 новинари и сниматели во прес-центарот во хотелот „Инекс-Горица“ седат цел ден без при тоа да имаат каква било опиплива информација што се случува во вилата којашто е на околу 400 метри оттаму. Повремено стигнуваат информации од кабинетите на Курти и Вучиќ, но во нив нема ништо конкретно. По завршувањето на разговорите на новинарите треба да им се обрати Борел, но никој не знае кога ќе биде тоа. И што е најважно – какви вести ќе пренесе.

Дали Белград и Приштина ќе ја најдат формулата со европско посредништво да тргнат понапред од онаму каде што застанаа пред три недели во Брисел?

Поранешниот американски амбасадор во Србија, Камерон Мантер, предупредува дека договорот на хартија не е исто што и спроведувањето на договореното на терен. Вишиот соработник на Институтот за општествени науки во Виена, Иван Вејвода, е внимателен околу средбата во Охрид и посочува дека доколку Приштина и Белград сакаат да влезат во ЕУ, мора да се однесуваат согласно нејзините правила и вредности.

Албанскиот новинар и поранешен пратеник од Приштина Ветон Сурои вели дека најдобриот исход од денешната средба би било да не се создаде нов камен на сопнување и додава дека претстои тежок процес и дека не треба да очекуваме магичен потпис кој ќе ги реши сите прашања.

Извор: Независен.мк

Tags: БорелВучиќКуртиЛајчакмаратонОхридразговори
Next Post

Најмалку 12 лица загинаа во силен земјотрес во Еквадор

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk