ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бегај: Договореното во Охрид е уште една гаранција за мирот, стабилноста и иднината на регионот во ЕУ

March 19, 2023 12:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН

Албанскиот претседател Бајрам Бегај ја поздрави, како што наведува во објава на Фејсбук,  „постигнатата јавна согласност меѓу Косово и Србија и посветеноста за спроведување на основниот договор и соодветниот анекс“.



Според него, овој договор е уште една гаранција за мирот, стабилноста и иднината на регионот во Европската унија.

– Го поздравувам постигнувањето во Охрид, Северна Македонија, постигнатата јавна согласност меѓу Косово и Србија и посветеноста за спроведување на основниот договор и соодветниот анекс. Овој договор е уште една гаранција за мирот, стабилноста и иднината на регионот во Европската унија. Верувајте дека гарантите на овој договор ќе го направат обврзувачки и спроведлив за страните. Им
благодарам на Европската унија за посредувањето и на САД за силната поддршка, пишува Бегај.

Околу Анекс договорот за нормализација на меѓусебните односи на Србија и Косово свои оценки изнесоа и повеќе албански политичари, меѓу нив и поранешниот шеф на дипломатијата и екслидер на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, според кого Курти покажал лидерство, но изразува жалење што Србија не потпишала.

– Косово и Србија во Охрид направија важен чекор на патот на соработката и евроинтеграциите. Косово под водство на Албин Курти уште еднаш покажа дека е на маса со конструктивност и волја да потпише договор кој му служи на Косово, но и на регионот и на самата Србија да отвори нова страница на мир и стабилност. Штета што Србија повторно одби да го потпише овој договор и се надевам дека немањето потпис нема да послужи како изговор за одложување на спроведувањето на договорот, пишува меѓу другото Баша.

Претходно, постигнатото во Охрид го коментираше и премиерот Еди Рама, кој изрази надеж дека договорот нема да биде „уште една балканска измама“.

„Да се надеваме дека ѓаволот не е во деталите и дека договорениот, но непотпишан договор, не е уште една балканска измама! Во спротивно, ова би било историско достигнување што би ја навестило долгоочекуваната пролет во односите меѓу двата најголеми балкански народи. И, искрено да им честитаме на четворицата протагонисти на охридската трпеза, посакувајќи наскоро договорот да се
претвори во нова неповратна реалност меѓу Косово и Србија, Албанците и Србите, Западен Балкан и Европската унија“, напиша Рама на Твитер.

Извор: МИА

Tags: БегајДоговорКосовоОхридСрбија
Next Post

Спасовски: Светол датум кој е непобитен доказ за самосвеста на македонскиот народ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk