ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: Светол датум кој е непобитен доказ за самосвеста на македонскиот народ

March 19, 2023 13:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, во Тетово, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на одбележувањето на јубилејни 80 години од формирањето на Комунистичка партија на Македонија, во спомен куќата на семејството Јовановци која е денешен Меморијален музеј на ЦК на КПМ, а во организација на Општинската организација на Сојузот на Борци од Тетово во соработка со Национална Установа „Музеј на тетовскиот крај”, стои во соопштението од МВР.

Обраќајќи се пред присутните, министерот Спасовски го истакна значењето на историската куќа на семејството Јовановци која и по 80 години ја чува историјата на големите одлуки кои беа донесени на 19 март 1943, со кои е конституиран Централниот Комитет на Комунистичката партија на Македонија.
„Овој светол датум претставува и непобитен доказ за самосвеста на македонскиот народ, за силната и непоколеблива волја, победничкиот морал и слободарски дух на припадниците на партизанското движење на Македонија, изразен со високата политичка свест на борците и на населението за постигнување на крајната цел – создавање македонска држава”, истакна министерот Спасовски.

Спасовски во свое и во име на МВР ја изрази почитта и благодарноста кон сите членови на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, честитајќи го денешниот голем јубилеј – 80 години од формирањето на Централниот комитет на КПМ.

„Овие големи датуми, но и хероите присутни тука, нè потсетуваат дека слободата никому не му е подарена, а визијата на секој лидер е да ја чува и негува татковината, да ги носи вистинските одлуки во вистинско време за доброто на својот народ, за својата држава, почитувајќи ги слободарската традиција, херојската историја и идејата на антифашизмот. Тоа бил и останува нашиот вистински пат!”, заврши министерот Спасовски, упатувајќи желби што поскоро големите датуми од нашето минато, од нашата крвава антифашистичка историја да ги одбележуваме со комплетно исполнети стратешки определби, наши и на нашите предци, во модерна демократска држава со европски вредности.

Од страна на претседателот на Сојузот на борци од Народноослободителна антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓани продолжувачи, д-р Никола Стојановски, беше изразена благодарноста за организацијата на одбележувањето на овој значаен датум.

„Благодарен сум што денеска сум тука со вас, да се потсетиме што било пред 80 години, кога ја створивме македонската држава. Да се потсетиме на борбата која ја водевме заедно, сите народности. Државата ни е тука – да се бориме да ја сочуваме!”, рече претседателот Стојановски.

На крајот од настанот министерот Спасовски положи цвеќе пред бистата на Јосип Броз Тито во дворното место на спомен куќата на семејството Јовановци. Притоа, тој ја посети и спомен собата каде е формирана Комунистичката партија на Македонија и избран нејзиниот Централен комитет, при што се потпиша во Книгата за впечатоци – „Во чест на денот на формирањето на КПМ и 80 години опстојување на идејата за слобода, правда и рамноправност. Никогаш да не се заборават придобивките на антифашизмот. Да не се заборават темелите на македонската државност”, напиша министерот Спасовски во Книгата за впечатоци во спомен куќата на Јовановци од Тетово, велат од МВР.

Tags: КПМСпасовскиТетово
Next Post

Битиќи: Со најновото зголемување, потребни се две минимални плати за синдикалната потрошувачка кошница

Shortcut

Најново

АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

June 4, 2026

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk