ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Шукова: Прилеп е позитивен пример за селекција на отпад во секое домаќинство, за потребите на општините ќе обезбедиме 7.000 контејнери

March 21, 2023 13:05
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Цементарница Усје обвинета за најголем загадувач, пречистителната станица во Скопје, надеж гледа во нов грант од ЕУ, дали во Северна Македонија можеме да посочиме место за кое би рекле дека е еколошки чисто, што се случува со селектериањето на отпадот во домаќинствата, се прашања за кои ГринЦИВИЛ побара одговор од Каја Шукова, министерката за животна средина и просторно планирање.

ГринЦИВИЛ: Каде е вистината за Цементарница? Имате ли увид? Од компанијата велат дека имаат вградено филтри и не го загадуваат воздухот, градоначалничката Арсовска пак тврди дека тие се еден од најголемите загадувачи? 

Шукова: Согласно постојната законската регулатива, Цементарница Усје поседува А интегрирана дозвола во која точно се дефинирани услови за работа и начини на мониторирање. Како компанија точно знаат што сѐ треба да има за да го намалат загадувањето на животната средина. Цементарницата се мониторира на две емисиони точки, тоа се ротациона печка 3 и ротациона печка 4. Податоците што ги има Министерството и врз основа на селф-мониторингот на Усје, е дека средно месечните емисиони концентрации од овие две емисиони точки се под стандардите, значи не вршат загадување. Ние само ја следиме интегрираната дозвола во соработка со Државниот инспекторат за животна средина. Од нивната контрола произлегува дека во двете ротациони печки како систем на прочистување се вградени вреќести филтри, што е утврдено и со интегрираната дозвола, со стапка на искористеност од 100 %. Така што тоа што е побарано од нив, тие го исполнуваат.

ГринЦИВИЛ: Тогаш, на што се должи коментарот на градоначалничката Арсовска?

Шукова: Претпоставувам дека се должи на вонредниот надзор што го направи Инспекторатот за животна средина со што се утврди дека од котларата за парно греење на просториите се покажува надминување на азотниот оксид. Веднаш беа задолжени од Инспекторатот да се префрлат на греење на гас. Бидејќи беше изречена казна, согласно правната регулатива се поведе постапка за спогодување, која ја води Министерството. Имаше две седници на кои, за жал, не успеавме да се спогодиме со Цементарница. Согласно законот, најверојатно Државниот инспекторат за животна средина ќе пристапи кон прекршочна постапка, па ќе видиме како ќе се одвива процесот. Секако задолжението да се префрлат на гас останува.

ГринЦИВИЛ: Кога конечно ќе се воведат регулативи за селекција на отпадот од страна на секое домаќинство?

Шукова: Законски се поставени. Од нашите сознанија само Општина Прилеп работи по ова прашање. Јас апелирам до сите да го следат нивниот пример, бидејќи ова не е од скоро, тие неколку години наназад успешно го спроведуваат селектирањето. Во нашите закони постои опцијата, локална е надлежноста. Треба да се постават посебни контејнери, со различна боја во кои точно се знае што ставате од отпадот. Она што ние како држава можеме да помогнеме е од надоместокот за најлонски кеси што го собравме оваа година, ќе распишеме јавна набавка за отприлика 7.000 контејнери со големина 1,1 метар кубен и да ги поделиме на сите општини, согласно нивната големина и бројот на жители.

Има изолирани примери низ годините каде општините се обидуваат да направат примарна селекција на отпадот. Она што е добро што колективни постапувачи се тие што ќе го соберат и транспортираат отпадот што ќе биде собран во овие контејнери.

ГринЦИВИЛ: За кои подрачја во државата може да се каже во моментов дека се еколошки чисти? Може ли да посочите каде се критичните точки на загадувањето во цела држава?

Шукова: Не можеме да истакнеме во моментот, знаете ако, да речеме, одредено подрачје сме го заштитиле, секогаш ќе се јават проблеми што ќе мора да ги надминеме. Во делот на загадувањето на воздухот многу се битни климатските фактори. Се направи доста изминатите години, особено во делот на замена на системите на греење, државата интервенираше во многу јавни установи во соработка со општините. Општините субвенционираа во голем дел и граѓаните да можат да си ги променат грејните тела. Во однос на загадувањето на воздухот се работи за долг процес во кои се потребни големи инвестиции, треба промена во навиките. Треба постојано да ги информираме граѓаните. Јас се надевам дека кога ќе ги спроведуваме кампањите, преку едноставните примери граѓаните ќе можат да разберат и да делуваат.

ГринЦИВИЛ: До каде е процесот со Пречистителна станица Скопје?

Шукова: Јас сум секогаш оптимист. Мислам дека процесот оди во добра насока. Останати се уште некои документи што треба да се потпишат. На 22 март го потпишуваме договорот за грант. Обезбеден е грант од еден механизам на ЕУ, се вика Western Balkans Infrastructure Facility, значи грант пари за да се ослободи дел од заемот кој што е обезбеден од двете банки. Мислам дека овој проект оди во добра насока и скоро ќе почнеме со негова реализација.

Биљана Јордановска / Цивил Медиа

Tags: интервјуКаја Шукова
Next Post

МТСП со реакција: Наративот против родовата еднаквост, вклучително и сексуалното образование, е манипулирање на реалноста и илузија за враќање на патријархалните сфаќања

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk