ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Голема изложба во Кунстхале Виена со дела од вредната колекција на МСУ Скопје

March 22, 2023 10:57
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во престижниот простор Кунстхале Виена/Kunsthalle Wien Museumsquartier (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри, на 20 април ќе биде отворена изложбата – „No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“.

За првпат, во Виена ќе биде претставена селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност – Скопје. Ова големо претставување е резултат на соработката помеѓу двете уметнички институции МСУ – Скопје и Кунстхале Виена. Изложбата е курирана од уметничките директори на Кунстхале Виена, кураторскиот колектив What, How & for Who/WHW (Ивет Ќурлин, Наташа Илиќ и Сабина Саболовиќ).

Кураторките поканија 4 меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која ќе воспостават дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа. Идејата е да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност.

„Колекцијата на МСУ е како временска капсула во која е сочувана меѓународна уметност од најславните денови на модернизмот. Поканивме 6 уметници: Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул). Секој од нив избра дела од колекцијата на МСУ и ги охрабривме да изложат свои дела, правејќи интимна врска помеѓу делата на големите уметници и нивната уметност. Она што е заедничко за овие уметници е нивниот посебен пристап кон препрочитување и преработка на историите на уметноста и општеството. Покрај нив ја поканивме и фотографката Елфи Семотан (Виена), која е позната по раскажување приказни преку фотографии. Таа направи фотографии од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ. Дополнително, од писателката Барби Марковиќ (Виена), позната по остриот спој на фикцијата и социјалната реалност, побаравме да напише патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје“, објаснува кураторскиот тим, “What, How & for Whom“.

Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои над 5.500 дела, во Виена ќе бидат изложени 94 дела и околу 50 дела од современите уметници, вклучени во овој проект.

Од колекцијата на МСУ, за Виена патуваат дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шеила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Гетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени и многу други.

„Соработката на МСУ со Кунстхале Виена е досега најкомплексниот проект за нашиот музеј. Ова претставување, не е само проект на МСУ, туку настан од национален интерес за нашата земја. Не само поради тоа што ќе бидат изложени голем број дела од нашата колекција, туку и заради фактот што делата ќе можат да се погледнат во еден посетен простор, каков што е Кунстхале, во центарот на музејскиот кварт во туристичка Виена. Оваа сложена операција нè охрабрува да планираме уште поамбициозни проекти и соработка со други партнерски институции низ Европа. Нè радува што изложбата во Виена, уште неотворена, веќе буди толку голем интерес, што можеби веќе следната година ќе гостува и во Прага“, вели Мира Гаќина, директорка на МСУ – Скопје.

Концептот и насловот на изложбата, кураторките тесно го поврзуваат со тоа како се градеше уметничката колекција на МСУ. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година во Скопје, покрај големата материјална штета и многуте човечки жртви, Обединетите нации и Меѓународната асоцијација на уметници, сметаа дека и културата е клучна алка во подигнувањето на духот на скопјани. Затоа, иницираа повик до светски познатите уметници да донираат дела. Бројните донации на уметнички дела направија МСУ да стане симбол на солидарноста, која денес е трајна вредност во колективната меморија на македонската јавност.

„За наслов на изложбата, земавме стих од австрискиот поет Рајнер Марија Рилке: „Ниту едно чувство не е конечно“, кој ја нагласува динамиката на емоциите и нивната врска со времето и контекстот и влева надеж дека поимот „солидарност“ може да се обнови и зајакне, дури и по подолго време. Насловот предизвикува и чувство на амбивалентност и неизвесност, како и прашање што значи солидарност во нашиот современ свет“, вели кураторскиот тим.

Дел од изложбата ќе содржи и документарна секција за Скопје, трансформацијата на градот и приказната за МСУ и неговата колекција, документи и макетата на Кензо Танге, позајмени од архивите на Музејот на град Скопје и архивата на МСУ. Тоа значи дека во една од европските метрополи и најпознати уметнички центри ќе бидат афирмирани и драгоцената збирка на МСУ и градот Скопје. На изложбата ќе бидат претставени и 5 архитектонски макети на постземјотресно Скопје, дел од збирката на Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков.

Изложбата во Кунстхале Виена ќе биде отворена до 28 јануари 2024 година.

Tags: Кунстхале ВиенаМСУ Скопје
Next Post

На денешен ден пред 19 години земјава го поднесе барањето за членство во ЕУ

Shortcut

Најново

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

September 11, 2026
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk