ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Маричиќ: Со проекти како пречистителната станица во Скопје ја носиме Европа дома

March 22, 2023 13:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со Европската инвестициска банка потпишуваме Договор финансиран во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан, грант во износ од 70 милиони евра за пречистителна станица за отпадни води во Скопје во вредност од околу 200 милиони, информира вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

-Скопјани ја чекаат и ја бараат оваа инвестиција во животната средина – конечно, скопјани ќе ја добијат пречистителната станица која е од витално еколошко значење. Ова е потврда дека европската интеграција е најдобрата формула за понатамошниот македонски развој. Членството во Европската Унија не значи само исполнување на критериумите од преговарачките кластери и усогласување со законодавството на Унијата. Преговорите со ЕУ имаат цел да ги подобрат условите за живот на сите нашите граѓани, рече Маричиќ.

Тој додаде дека ова е уште еден европски проект кој води кон подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните, особено за скопјани и они кои живеат по течението на Вардар.

-Токму денес, на Светскиот ден на водата, се обврзуваме и се охрабруваме да преземаме акции и да „бидеме промената“ во начинот на кој ја користиме и начинот на кој управуваме со водата. Градењето инфраструктура за собирање и третман на отпадните води е токму тоа – одговорен однос и учество во заштитата на водите. Проектот дава значаен и мерлив придонес за подобрување на урбаната средина на Град Скопје и за подобрување на квалитетот на услугите за третман на отпадни води, т.е., зголемување на ефикасноста во третманот на отпадните води, прочистување и елиминирање на милта, а со тоа и подобрување на квалитетот на животот и водата и да со тоа исполнување европски стандарди, кажа Маричиќ.

Вицепремиерот заклучи дека со ваков тип на проекти, „ја носиме Европа дома, ги носиме стандардите и начинот на живеење на Европската Унија во нашата земја и во главниот град“.

Tags: Маричиќпречистителна станицаСкопје
Next Post

(ВИДЕО) Поранешниот командант на проруските сили во Донбас, Игор Гиркин му порача на Путин да замолчи

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk